Фудбал

Преносот на пеналите на португалско радио

Диого Коста е најголем јунак на 1/8 финалните натпревари. Стана првиот голман во историјата на Европските првенства што одбранил дури 3 пенали. Тој е најзаслужен што Португалија ја совлада Словенија на пенали и оди во четвртфинале на Еуро2024. За тие кои се затекнале во возило и кои сакале да слушаат радио пренос од пеналите, имало јака вожња.

Е боли кога ќе те удри воздухот, колку конци ти ставија?

Не сме воопшто среќни и задоволни со неефикасниов и кулкулантски фудбал на Европското на кој освен Шпанија и еве Германија, никој ништо не одигра од фаворитите и ѕвездите. Подобро да поминеа Словачка и Словенија. Од ваквите па дерман нема.

Шансата на Шешко кој го имаше четвртфиналето во раце

21 годишниот Бенџамин Шешко ќе беше херој на Словенија во 115 минута, а Пепе трагичар. Ама сè се сведува на тоа „ќе беше“. Херој сепак е Диого Коста кој прво му одбрани чист гол на напаѓачот на Лајпциг, а потоа им ги фати сите пенали на Словенците.

Скоро 900 гола има дадено, а плаче за промашен пенал

Кристијано Роналдо не престанува да изненадува со чудните постапки, гестови и потези, нетипични за толку популарен спортист пред крај на една мега успешна кариера. Во 105 минута не успеа да го совлада Облак од белата точка и за утката плачеше како да ќе го караат дома или како да е крај на светот.

Диого Коста ги одбрани сите пенали и ја однесе Португалија во четвртфинале

После незадоволителни 120 минути фудбал со најнепопуларниот резултат, Португалија ја елиминира Словенија на пенали 3:0 и стигна до четвртфинале каде ќе се соочи со Франција. Промашија Иличиќ, Балковец и Вербиќ, погодија Роналдо, Бруно Фернандеш и Бернардо Силва.

Калкулантски фудбал на гигантите, Франција пак се извади со автогол

Не задоволува некако квалитетот на фудбалот на ова Европско. Светскиот првак од 2018-та и вицепрвак од 2022-ра игра под секое ниво, целосно зарибани во напад. Станаа петти четвртфиналисти со триумф над Белгија од 1:0 остварена во 85-та минута. Стрелец Вертонген или во превод вкупно деветти автогол на овој турнир. Французите како едни од главните фаворити за трофејот стигнаа до топ 8 со пенал и два автогола.

Алесио Черчи за Италија: „Па кај нас Јамин Ламал не би ни играл, кај нас играат 35+ годишни со проблеми“

Катастрофалното издание на Италија на Еуро2024 повторно ги покрена дискусиите за италијанскиот фудбал, за недоволниот простор кој младите го добиваат или поточно воопшто не го добиваат. Во центар погоди Алесио Черчи, некогашниот фудбалер на Рома, Бреша, Пиза, Аталанта, Фиорентина, Торино, Атлетико Мадрид, Милан, Џенова, Верона и други.

20 години од сребрениот гол на ЕП, вреден финале за Грција

Го воведоа и брзо го укинаа, а Грците го искористија во вистински момент. На 1 јули 2004 ја победија Чешка 1:0 со голот на стоперот Делас од Рома во 6-та минута од првото судиско продолежние од 15 минути. Второто не се одигра, бидејќи Грција го реализираше сребрениот гол и се пласираше во финалето, каде го најправи најголемото изненадување во историјата на ЕП.

Џуд Белингем би можел да пропушти 1/4 финале поради простачки гест

Дваесет и едно годишниот Белингем ја спаси Англија од тешка историска бламажа со гол во длабоко судиско продолжение за 1:1 и продолженија со Словачка. Откако го прославил погодокот Белингем кон резервната клупа на Словачка гестикурал простачки па УЕФА сега отворила истрага за целиот случај. Можно е да го казнат на 1 натпревар во 1/4 финале. Во своја одбрана рекол дека имал негови другари на трибини веднаш до словачката клупа па дека со нив се шегувал.

Да видиме како Балотели го поминува одморот

Марио има 33 години, ама исто како да има не 23, туку 13. Никогаш не созреа, напротив бетер е. Го снимиле викендов на улица во Италија.

Се јави Лимени од Германија

Најголемата српска тренерска легенда беше да ја бодри Србија на лице место. Се прослави со драњето по извесен Драган, а овој пат го искара и селекторот Драган. Дами и господа, незаменливиот Светислав Стевановиќ - Лимени.

Мбапе: На почеток со маската мислев дека сум во 3Д, поканет на ЕП како ВИП

Франција за сега игра скромен шампионат со една победа, остварена со автогол. Вториот гол им е од пенал, а го постигна Килијан Мбапе кој ја прескокна Холандија поради скршениот нос. Вели дека после тоа не спиел два дена и дека носењето на маската е апсолутен хорор. Пред голем испит се попладне од 18 часот. Ги чека осминафинале против Белгија.

Најубавиот момент со дресот на Нико Вилијамс

Нико е дете на Атлетик Билбао. Брат на лидерот на овој тим Ињаки Вилијамс кој еднаш буквално го зарекол ако си оди од Баскија да оди само за Реал или Барселона а никако во странство за друг клуб. Нико го послушал уште летово кога Астон Вила со Унаи Емери дошле со понуда вредна 50 милиони евра, а Вилијамс-помалиот одбил преселба. Синоќа во 1/8 финале против Грузија пружи уште една феноменална партија со супер гол во 75’ минута.

Центарфорот на Англија паднал од велосипед, да видиш што му купиле

Резервниот шпиц на англиската репрезентација, Антони Гордон (23 години, платен 45 милиони фунти за трансфер од Евертон во Њукасл) пред некој ден незгодно се повредил при пад од велосипед. Летал како што кажа самиот на прес-конференција, неколку метри. Еве што му подариле соиграчите.

Дон Карло Анчелоти на одмор

Карло Анчелоти, најтрофејниот тренер во Лига на шампиони кој како играч и тренер дури 7 пати го кревал трофејот од највредното клупско натпрварување, периодов ужива во САД на одмор со сопругата Марина. Заслужено после шампионска титула со Реал Мадрид во Ла Лига и во Лига на шампиони.

Децата на Шпанија кои играа лист-камен-ножички

Младите Ламин Јамал (стана најмлад играч во историјата на Европски првенства со само 16 години и 338 дена) и Нико Вилијамс (21 година, брат на Ињаки Вилијамс од Атлетик Билбао) се најголеми ѕвезди во досегашниот тек од Еуро2024. Ламин и Нико Вилијамс во сенка фрлија светски мегаѕвезди како Мбапе, Хари Кејн, Левандовски, Фил Фоден и Џуд Белингем и се најзаслужни што Шпанија доминантно измаршира до четвртфинале на Европското. А сепак се уште само деца.

Мислиш Бразил го тепале во финале

Англија извади гз против Словачка во 95-та минута и како најголем фаворит според кладилниците, за сега тотално потфрли и со играта и со резултатите. Од четири средби има само една победа остварена во регуларни 90 минути, онаа против Србија. Инаку беа финалисти на последното ЕП. Се прерадуваа против селекција која треба глатко да ја совладаат со оглед на тоа каков тим имаат.

Германија веќе сега има најдобар турнир од последните 3 големи првенства

Германската фудбалска репрезентација игра супер Европско првенство и веќе се пласираше во 1/4 финале каде ќе ги чека класикот со Шпанија. Селекторот Јулијан Нагелсман донел некои нови ветришта во репрезентацијата на Германија и тоа е видливо.

Грузијците треба да бидат горди

Прв пат го осетија чувството наречено Европско првенство и уште на дебито направија сензација. Победа над скапата Португалија и пласман во осминафинале. Па уште имаа и водство над Шпанија. Нема за што да жалат. Се претставија борбено, со многу жар и желба, многу поголеми од некои други репрезентации кои се посрамотија. Навивачите тоа го гледаат и го ценат.

Заврши Европското за симпатичната Грузија, Шпанците се немилосрдни

Ако некоја селекција може да се издвои како најсериозен кандидат за европската титула, тоа дефинитивно е Шпанија. Единствена со 3 од 3 во групна фаза, а потоа висока победа од 4:1 против Грузија, крунисана со убедлива игра и прв примен гол на ЕП. Екстра класа репрезентација со опасна младина во налет. Четвртфиналето ќе им биде прв сериозен испит, бидејќи противникот се вика Германија.

А ја видовте ли шансата на Словачка од пола терен за 0:2?

Содржаен беше третиот осминафинален меч меѓу Англија и Словачка, со многу шанси и вкупно три голови. За малку можеше да биде и кобен за Англичаните кои во 55 минута се спасија од негатива од 0:2. Давид Стрелец се обиде од пола терен да го изненади Пикфорд.

Белингем ја спаси Англија од бламажа во 95-та минута, Кејн ја однесе во четвртфинале

Секунди ја делеа селекцијата на Словачка од сензационален пласман во четвртфинале, а тоа ќе беше срам број 2 на уште еден гигант на ЕП 2024. Англичаните ја минаа осминафиналната пречкап реку потешкиот пат, со пресврт и победа од 2:1 во 120 минути фудбал. Ја имаме и првата четвртфинална битка: Англија - Швајцарија на 6 јули.

Им фалеше Јуве

Италија е четирикратен светски и двократен европски првак. Читател ни прати евиденција за тоа по колку репрезентативци имал Јувентус кога ги постигнувале овие успеси. И во право е човекот. Спалети во прв тим против Швајцарија ги имаше Киеза и Фаџоли, против Шпанија и Албанија само Киеза, а против Хрватска ниту еден играч на Јуве во првите 11.