Фудбал

Како Шпанија ги решава сериозните сомневања за силувања од познати фудбалери?

Дани Алвеш беше едно од последните големи фудбалски имиња осудени на затворски казни (4 ипол години) поради гнасен чин на силување. Но општо позната пракса во светот на спортот е и тоа што девојки во договор со разни манипулатори и адвокати пријавуваат фудбалери иако минале заедничко време по сопствена воља. Со цел да им изнудат огромни астрономски суми и да се обезбедат за цел живот.

Приказната за Даниел син на мајка

Ништо не знаеме ние на тема непотизам и фаќање врски. Треба да учиме од Романците.

Памет на Ноер, а талент на Роналдо да Лима

Така некако би му дошол кусиот опис за детево кое го изненади и шашардиса цел тим. Инаку се работи за голманот на Ајнтрахт Франкфурт У-9, кој после ова, не е сигурно дека ќе прави голманска кариера.

Најглупата повреда на свет

Далеку од тоа дека сите фудбалски комедии, трагикомедии и лакрдии доаѓаат од нашиот нисколигашки фудбал. Ние може да се пофалиме со крави и волови на терен, а нисколишагите во Англија со тоа од насловот.

Кога Марадона жонглираше со јаболко

„Овој човек можеше да жонглира со сè“, е еден од коментарите што најдобро ја опишува дарбата на Диего Армандо Марадона за фудбал.

Шише спаси чист гол, никој не примети

Некаде во Аргентина, веројатно пониска лига втора или трета. Топката оди во чист гол, ама шишето станува 12-ти играч на еден од тимовите.

Мајсторијата на ТАТ

Англија по сензационалниот пораз од Грција дома на „Вембли“, го обели образот на гостувањето во Хелсинки. Ја добија Финска глатко 1-3 а играч на натпреварот беше одличниот фудбалер на Ливерпул Трент Александер-Арнолд со прекрасен гол од слободен удар и асистенција.

Делириум во соблекувалната на Македонија

„Вие не сте нормални“, гласеше кусиот коментар на селекторот Боби Милевски до играчите после вториот триумф на гости во Лига на нации, овој пат против Ерменија, по што настана еуфорија во соблекувалната.

Спорниот гол на Серафимов поништен со ВАР

Македонија се израдува на водство против Ерменија на гости во 72 минута, кое потоа го дуплираше, но првиот гол го постигна уште во 5 минута. Главниот судија чекаше 3-4 минути за да утврдат во ВАР собата дали голот е регуларен, за на крајот да одлучат дека сепак имало офсајд. Аголот од кој ја видовме забавената снимка, не потврдува баш дека Серафимов се наоѓа во недозволена позиција, а во пренос ниту еднаш не ја покажаа ситуацијата со ВАР линијата, како што обично е пракса.

Лоб мајсторија на Миовски, Македонија го освои и Ереван

Македонската фудбалска репрезентација извади резултатски максимум од двете октомвриски гостувања во Лига на нации. После триумфот над Летонија од 0:3, Ерменија ја суреди со 0:2.

Прослава на денот

Детево е маскота. Во спот треба да се земе.

Фудбалер на Севиља шитка маици среде репрезентативен собир

Репрезентативецот на Нигерија, Келечи Ихеначо пред мечот против Либија во Афиканскиот Куп на нации собрал неколку соиграчи и извадил полн куфер со облека за продажба. Белата маица ја пробува напаѓачот на Нотингем Форест, Таиво Авонији, а во собата се уште и Виктор Бонифејс и Рафаел Ониедика. Инаку Ихеначо претходно играше за Манчестер Сити и Лестер. Парт тајм џоб?

Соло мајсторијата на Митрогол

Србија ја совлада Швајцарија 2:0 и стигна до првата победа во 3. коло од Лига на нации после ремито со Шпанија и поразот од Данска. Првиот погодок беше автогол, вториот дело на Александар Митровиќ, рекордерот на Србија кој го запиша 59-от гол. Сам сè направи, упорен по топката, дрзок во завршницата.

Грчки навивач ги замолчи Англичаните среде Вембли

Василис Павлидис е јунак на селекцијата на Грција со два гола за прва победа на Грција против Англија во историјата. Напаѓачот на Бенфика конечните 1:2 ги постави во 94-та минута за огромна радост на гостите. Навивач од трибини извади парола со која ги дотепа Англичаните.

Шансата на Столе Димитриевски кој за влакно не постигна гол

Голманот на Валенсија вечерва во Рига не само што не дозволи да прими гол, туку добро му одеше и во напад. Беше асистент за голот на Ќамили, а за малку не се запиша и меѓу стрелците уште во 4 минута од мечот.

Македонија ја збриша Летонија со три комада

Македонската фудбалска репрезентација успешно ги почна октомвриските предизвици во Лига на нации. Летонија - Македонија 0:3. Атрактивен гол на Елмас.

Шампионска маса со Тони и другарите

Светските шампиони од 2006-та се собрале на вечера во Виареџо. На една од масите снима Тони и ги реди славните соигра, за на крај да рече: Кој е последниов на крај?

Ревија на убави голови против Летонија со Џани, Барди, Пандев и Елмас

Со почеток од 18 часот, македонската фудбалска репрезентација го игра 3. коло од Лига на нации и брка гостинска победа по пауза од една година. Со Летонците имаме 100% учинок 3 од 3. Ги победивме на пријателска во 2014-та и уште два пати во квалификациите за ЕП 2020. Уживајте во голеадата, посебно во мајсторскиот лоб на Елмас и проектилот на Барди.

Сме остареле а?

Андрес Иниеста вчера и официјално го соопшти крајот на играње фудбал, што секако не ни е по ќеиф, бидејќи беше празник за очи да се гледа. Ја криеше топката. Да е само тој. Што фудбалеришта се одјавија од терените низ годиниве, да не може да ги донаброи човек. Еден куп легенди и идоли на многу генерации.

Ибрахимовиќ: Секој ден ни стигнуваа вести од Југославија за смртта на некој близок

„Моето детство би го опишал со три збора: страдање, агресивност и патење. Бев во ситуација кога децата правеа работи кои јас не можев да ги правам“.

Ладиќ на денот: Кол Палмер лови риба во мир и тишина

Светски познатиот британски бренд Барбери извади најнова кампања за есенска и зимска колекција а главен лик во целата промоција е најдобриот англиски фудбалер во моментов, Кол Палмер од Челси. Палмер неодамна постигна 4 гола на еден меч, доби награда за најдобар англиски фудбалер во 2024-та и важи за најголема ѕвезда во моментов во Премиер лига.

Клоп се враќа во фудбалот - ќе има многу интересна позиција

Германските медиуми пишуваат дека Јирген Клоп потпишал договор со гигантот Ред Бул каде би требало да стане „глобален директор за фудбал“. Ова значи дека легендарниот и трофеен тренер кој со голем успех ги водеше Ливерпул и Борусија Дортмунд, наскоро ќе крева неколку клубови на највисоко ниво.

Телохранителот на Меси пак леташе како стрела

Во фудбалската лига на САД, МЛС лигата има уште едно коло до крајот на регуларниот дел. Интер Мајами на Меси, Суарез, Алба и Бускетц е на прва место во својата дивизија и ќе го чека ривалот во плејофот. На последното гостување во Торонто, Меси, Суарез и Бускетц влегле од клупата за резерви. А на терен влегло и едно дете кое трчало да се сликне со Лео. Ама се пуштил и неговиот главен обезбедувач, поранешниот маринец кој заработува сега околу 3,5 милиони долари годишно да го чува Меси.

Пикси до Максимовиќ: Кај си бе Јамал?

Србија игра со Швајцарија дома и со Шпанија на гости во следните две кола од Лига на нации. Селекторот Драган Стојковиќ изненади со ново име во репрезентацијата. Го повика 17 годишниот Андрија Максимовиќ, кој одигра многу храбро во дресот на Црвена Ѕвезда на гостувањето против Интер во ЛШ.