Фудбал

Необична изведба на Џинг Белс во Дортмунд

Шинџи Кагава, Марко Ројс, Обамејанг и Аднан Јанузај шутираа топки во ѕвона во затворен простор и на тој начин ја исполнија најпознатата Божиќна мелодија, во пресрет на Божиќ.

Како помина најлошата сезона во животот Мурињо

Водич на сезонското патешествие на тренерот кој во мај го крена шампионскиот трофеј, а вчера попладне беше сменет од клупата на Челси.

Врвот и падот на славниот руски фудбалер кој бил мета на КГБ

Москва е пред сè град на срушени сонови и корумпирани утопии. Место на мистичен и мрачен очај. На 20 години си државен првак, на 25 вицешампион на Европа, на 27 четврти во свет, а на 40 просјак без денар во џеб кој моли за голтка вотка.

Шут у дупе на баварски начин

Фудбалерите на Баерн Минхен се толку доминантни во Бундеслигата и германскиот Куп што може да си дозволат на тренинзите понекогаш да ја играат и омилената маалска игра на секое дете.

Кога ќе излезеш еден на еден со голман

Секој напаѓач најмногу на свет ги сака ситуацииите еден на еден со голманот. Некој се решава да шутира од прва, некој го дрибла голманот, а некој од страв знае да се сплетка. Постои еден ризичен дриблинг кој е многу атрактивен.

Што бидна со новиот Зинедин Зидан?

Некогаш важеше за најдобриот плејмејкер во Европа, го споредуваа со Зидан, но на крајот му засметаа миланските светла, стана подложен на тешки повреди и кариерата не ги исполни очекувањата.

Второлигашки гол во стилот на Барса

Ова не се вежба, туку треба коцките да ти се вклопат и да знаеш со петица, нормално. Им успеа на фудбалерите на Ридинг на гостувањето против Хал.

Разликата меѓу Челси и Меси

Челси: 110 години, 25 трофеи. Лионел Меси: 28 години, 26 трофеи.

Манчестер и Челси го избркаа најдоброто

Навивачите на овие два клуба се незадоволни, а има и зошто откако ќе видите каков тим може да се состави од играчите кои ги продадоа во последните 18 месеци.

Третолигашка лекција за изведување слободен удар

Во целата шема се потребни само две прецизни додавања и тоа изгледа лесно, ама не е. Ќе ви го презентираат фудбалерите на третолигашот Нортемптон.

Колку би чинела разделбата меѓу Абрамович и Мурињо?

Мурињо заработува 1.372.000 евра месечно или 16.464.000 годишно и тоа ќе значи голема исплата во случај ако го избркаат предвреме.

Не си играјте со малите екипи во Куп

Од 1984 година до вчера, ниту еден третолигаш немаше стигнато меѓу осумте најдобри екипи во Купот на Италија. Тоа го стори Алесандрија која беше кобна за екипите на Трајковски и Пандев. Прво падна Палермо, а синоќа Џенова и тоа во 114 минута.

Најголеми хаварии во Ф1 во 2015-та

Шампион рутински стана Луис Хамилтон, а подиумите на Британецот понекогаш останаа во втор план поради сериозните инциденти на патеките каде за среќа немаше потешко повредени пилоти.

Гласајте за голот на Трајковски

Деби голот на Александар Трајковски во Серија А, кој го постигна против Фрозиноне влезе во изборот на топ 5 најубави голови на колото. Да му помогнеме на македонскиот репрезентативец, кој инаку денеска ФФМ го прогласи за најдобар фудбалер во странство за сезона 2014/2015, да ги победи конкурентите.

Голчиште на Чаби Алонсо

Цели 40 минути Баерн Минхен не можеше да го скрши отпорот на Дармштад во Купот. Тогаш на сцена стапи шпанскиот репрезентативец кој се реши да распали една топка и постигна неверојатен гол.

Химната на Барселона од јапонски детски грла

Главен им 8 годишниот Коширо Јамашита кој одлично ја везе, а потоа му се приклучува и хорот. Супер се.

Белградското дерби низ очите на ФИФА

Вечното дерби меѓу Црвена звезда и Партизан се вбројува меѓу најголемите градски дерби дуели на светот, а признание за тоа стигна и од Светската фудбалска федерација ФИФА која направи шестминутно видео за овој натпревар.

Подзаборавени клучни моменти на клучни мечеви

Сигурно сте ги заборавиле реакциите на нашите коментатори за голот на Оле Гунар Солскјер против Баерн 99-та? Или англискиот коментатор Мартин Тејлор после златниот гол на Кун Агуеро за Сити во последното коло на Премиер лигата? Или оној на Серхио Рамос против Атлетико Мадрид?

Каде се на табела тие што заминаа од Челси

Клаудио Раниери беше на кормилото на Стемфорд Бриџ во периодот од 2000 до 2004-та, а сега е прв со Лестер, Чех е втор и сите други котираат подобро откако заминаа од Лондон.

Од Бундеслига во џихад со Ал Каеда

Алжирецот Низар Трабелси играше во Германија, во Фортуна Дизелдорф пред да се доближи до Ал Каеда во Авганистан. „Бин Ладен ми велеше да го викам татко". Во четврток ќе се дискутира за негова екстрадиција во САД.