Навивачи

Англичани ги сретнале руските хулигани од Марсеј и се частеле пиво

Неколку недели по почетокот на Светското првенство во Русија, многу луѓе се увериле дека во натписите на британските и американските медиуми за повторување на насилните сцени од страна на руските хулигани нема никаква вистина.

Чекај да видиш еден англиски паб после голот на Деле Али за 2-0

Во BoxparkCroydon паб во Лондон настана права лудница кога момците на Саутгејт зголемија на 2-0 против Шведска.

Хрватска гореше

Повторувањето на историскиот успех на СП од пред 20 години Хрватите го слават како никој. Нема град и плоштад на кој нема бакљада. Земјата е во вистински транс и што ли може да приредат повеќе од ова доколку момчињата на Далиќ направат чекор повеќе во Русија.

Еуфоријата во белгиските градови

Белгија е во полуфинале на Светско првенство првпат после 1986-та година. Откако го збришаа и петкратниот светски првак и закажаа мега-дерби со Франција во полуфиналето, славјето ширум земјата траело цела ноќ.

Најтрогателната приказна на Мундијалот

Мексиканецот Гилберто кој до сега бил на пет Светски првенства, шестото го доживеа најтажно што може. Застана пред Бољшој театарот во Моксва за што сонуваше ќерка му, беше до Сант Петербург со воз како што сакаше жена му и доби потпишан дрес од Нејмар за син му.

Зошто на дресот на Франција има петел?

И покрај тоа што некои француски лидери не го сакале, сметајќи дека не е доволно маркантен за да биде национален симбол, петелот низ вековите ја сочувал својата гордост, и денес важи за препознатлив амблем на оваа земја и на нејзините „галски петли“.

Реакција на Англичани кои во авион дознаа дека победиле на пенали

Некои во земјата, некои во Русија на стадион, а некои на 30.000 метри горе, во авион на пат за Ибица. Стјуардесата и пилотот јавуваат што се случило во осминафиналето против Колумбија.

Песната на која англиските навивачи полудуваат и секаде ја грмат

После години и години разочарувања од многу генерации меѓу кои и онаа златната на Џерард, Тери, Лампард, сега англиските навивачи конечно гледаат свежина и младост спремна да им го донесе трофејот кој го чекаат 

Претседателката на Хрватска гледа Светско од трибини со обичниот народ

Иако голем дел од владите на Европската унија решија да го бојкотираат Светското во Русија, највисоки претставници на некои земји како Шведска и Хрватска, отпатуваа во живо да го следат Мундијалот.

Зошто Јапонците собираат ѓубре зад себе на стадионите?

Откако видовме како играчите на Јапонија ја светнале својата соблекувална после болниот пораз од Белгија во судиското продолжение, и како Јапонците на трибините го чистат шутот на трибините, ни останува прашањето: каква ли е таа свест на највисоко ниво?

Како ли ќе ги пречекаат ако станат шампиони?

Селекцијата на Бразил синоќа го доби Мексико со 2:0 и сега се меѓу најдобрите 8 во светот. Кога тимот се прибираше, пред хотелот каде што престојуваат атмосферата беше лудница, како да веќе го имаат пехарот в раце. Следната пречка во четвртфинале им се вика Белгија

Како се закачнаа американскиот и рускиот амбасадор во Хрватска

Официјалниот профил на руската амбасада во Македонија неретко знаеше да направи досетливи шеги на актуелни теми, а сега талентот го покажаа и администраторите на руската амбасада во Хрватска.

Кога на руска полиција ќе и се качиш на глава

Хрватска и Русија се четвртфиналисти на Мундијалот. И едните и другите навивачи се во делириум, но има разлика во расположението на нивните џандари. Ова на Балкан може да пројде некако, ама во Русија не. Сега и да сака не може да го повтори истото.

Русинот што ја научил својата мачка да вика „гол“

Додека сите им викаат на своите мачки „мјау“, овој цар за време на Светското фудбалско првенство ја научил својата мачка да биде во склад со Мундијалот.

Корејците на пречек дома ги гаѓале со јајца и перници

Цел свет им аплаудираше за историската победа против светскиот шампион Германија, само дома на пречекот по враќањето од Светско, „навивачите“ им биле кивни поради поразите од Мексико и Шведска.

Ќе фали Ивана во нокаут фаза

Селекцијата на Хрватска обезбеди пласман во осминафиналето на Мундијалот, ама за жал таму ќе патува без својот најубав навивачки декор. Поранешната мисица на Хрватска, Ивана Кнол се враќа дома по завршувањето на групната фаза. Останува да се поздравите со неа.

Мексиканци начекаа Кореец

Победата на Јужна Кореја над Светскиот првак Германија ќе се памети како едно од најголемите изненадувања во историјата на Мундијалите. На тоа лудуваа од радост Мексиканците бидејќи ако тепаа Германците, ќе испаднеа. За прославата да биде уште полуда и незаборавна им падна Кореец в раце пред стадион.

Кога Мексиканците слушнаа дека Германија примила гол

Во последното коло од групата Ф се случи најголемиот шок на Светското. Актуелниот светски шампион Германија изгуби од Кореја со голови примени во судиското продолжение а кога во Казан Мексиканците кои губеа од Шведска 0:3 ја слушнаа веста, паднаа во еуфорија.

Редарот кој го претресувал Марадона на врата

Диего сме го гледале во разни варијанти. И поднапиен и спремен да се тепа со новинари и со фоторепортери, ама како вчера не сме го виделе. За тоа е крив човекот што го „тресел“ на врата.

Транс на Аргентинците во Буенос Аирес и Барселона

Во маалата на Буенос Аирес каде се живее за „гаучосите“ синоќа била права лудница. А весело било и во Каталонија.

На Марадона му се слоши па го изнесуваа

Кога за 90 и кусур минути во жустро интересен меч камерите те даваат само тебе тогаш мора да си Диего Армандо. Правеше циркус цел меч, а на крајот веќе избезумен не знаеше кај се наоѓа.

Аргентинците веќе грмат во кортео

Откако допатуваа во Ростов каде вечерва од 20 Меси и компанија играат решавачки меч против Нигерија за пласман во осминафиналето, песната на Аргентинците не престанала во градот близу хотелот на репрезентацијата.

Желбата на 101 годишниот навивач на Уругвај

Го имаме еден од ретките навивачи на Уругвај или можеби единствениот кој може да сведочи за најраната историја на Мундијалите, па и пред тоа. Сè што има освоено Уругвај има видено со свои очи.