Навивачи

Првиот натпревар на Ливерпул посветен на Диого Жота и брат му

Стартот на новата сезона во Премиер лига е во знакот на трагичниот загинатиот Диого Жота и брат му Андре Силва. Ливерпул ја отвори сезоната пред свои навивачи, победи 4:2 против Борнмут

Како воопшто имал храброст да ги снима?

Возиш на автопат и наеднаш ти се појавуваат 200 маскирани луѓе со палки. Снимкава налик сцена од хорор филм е од Белград по мечот меѓу Црвена Ѕвезда и Лех Познан. Делии напаѓаат полски навивачи после натпревар.

Кореографијата на Делиите на мечот со Лех Познањ

Синоќа се одиграа дел од реваншите од 3. квалификациско коло за Лига на шампиони. Жозе Мурињо и Фенербахче со 5:2 го совладаа Фејнорд и надоместија за поразот во првиот меч 2-1, па сега ќе имаат уште потежок ривал во Бенфика.  Во следно коло оди и Ренџерс и Каират кој на пенали го совлада Слован Братислава на гости и Копенхаген кој го згроми Малме со 4-0. Црвена звезда по триумфот во Полска против Лех од 1-3, синоќа во Белград ремизираше 1-1 и со вкупен резултат 4-1 оди во баражот каде ќе се сретне со кипарскиот шампион Пафос.

Најевтина, топ кореографија на сезоната

Славија Прага ја стартуваше новата сезона во Чешка со 3 победи и 1 нерешена на 4 меча и заедно со Спарта Прага и Жлин имаат по 10 бода (сите три екипи се на 3 победи и 1 нерешена). Славија минатиот викенд со 3-0 го совлада Теплице а навивачите на домаќинот направија интересна, ретко видена кореографија. Без чуда и тракатанци.

Супер пиротехничко шоу на Комити

Актуелниот освојувач на Купот, Вардар силно ја почна новата сезона и стартуваше со убедлива победа од 4-1 над големиот ривал Пелистер. На „Градски“ во Скопје пред неколку илјади гледачи, во присуство на двете навивачки групи, имаше одличен амбиент. Подгрупата вардарови навивачи „Лојал фанс“ прослави 26 години од основањето и по тој повод имаше огромна шеталица, покривно знаме и прекрасен огномет и бакљи.

Полски навивачи со порака до Израел

Во првиот натпревар од 3. коло за Конференциска лига, полскиот Ракув од Ченстохов го пречекал израелски Макаби Хаифа. За време на натпреварот кој гостите го добиле 0-1 со гол во 61-ва минута, полските навивачи кренале парола со натпис: „ИЗРАЕЛ УБИВА А СВЕТОТ МОЛЧИ“.

Јаки гестови од италијанските стадиони

Има некоја драж италијанскиот фудбал која ги тера сите љубители на истиот да заборават на старите и ружни стадиони, на малите буџети за трансфери и плати на играчи, на секогаш досадната игра на резултат 0-0. Има нешто.

Најблискиот дуел за Лига на шампиони - комшиско пецкање

43 километри е растојанието меѓу Малме и Копенхаген, а до еден од овие два града се стигнува преку интересен тунел под вода. Сега ги спои ждрепката за 3. квалификациско коло за Лига на шампиони па тоа ќе бидат два најблиски града кои играле меѓусебен дуел за пласман во елитната лига.

Првпат виден протест - фрлени куфери на терен

Навивачите на Жалгирис од Каунас за време на синоќешниот меч против градскиот ривал Кауно Жалгирис кој го изгубија 1-2, фрлале огромни празни куфери на терен во знак на револт и бес против тренерот Владимир Черубин од кого бараат да си оди. Жалгирис минатата сезона на 17 меча под водство на Черубин собрал само 19 мизерни поени а сезонава исто имаат пораз до пораз па навивачите со право се бесни на управата и на тренерот.

НАК Бреда да ти имал скроз јака публика

Навивачите на холандскиот клуб НАК Бреда дошле на пријателска средба со Норич во Англија во голем број. И таму правеле шоу.

Ист град - два света: Тајната на мостарското ривалство Вележ - Зрињски

Во еден од најмешаните градови во БиХ, Мостар, истокот и западот ги делат хрватско и бошњачко население па така и во фудбалот најголеми градски ривали се Зрињски (хрватска популација) и Вележ (бошњачка популација).

Ја имаме навивачката преработка на летото

Хиберниан е многу потценет шкотски клуб од Единбург кој долги години е во сенка на Селтик и Ренџерс. Хибси со децении имаат сериозна навивачка база која сега го живее сонот на европски фудбал. Минатата недела одиграа 1-1 кај силниот дански Мидтјиланд на гости, па вечерва ќе играат реванш за пласман во 3. коло од Лига Европа. Една песна посебно го крена навивачкиот свет.

Бабата водач на навивачи на Кипар

Навивачката група која го бодри клубот Анортозис од Фамагуста на Кипар, долги години имал омилен водач на теренот. Една баба која со години го следела сино-белиот Ано.

50 часови во автобус и поминати 3.000 километри за 90 минути фудбал на ФК Вардар

Сè од свој џеб. Ни денар од Миленко, ни цент од Управа. Тие не само што не ни помогнаа, туку ни даваа и забрани.

Комити верни и во Сан Марино

1.500 километри не се никаков проблем за најверната навивачка група на Вардар, Комити. Второто коло во Конференциската лига беше речиси заверено против неатрактивниот противник од Ла Фиорита, но тие сепак се качија во автобус и заминаа за Италија, на лице место да им ја дадат поддршката.

Политиката го стави, политиката нека го тргне

Жешко лето во Рим. На навивачите на Лацио им е прелејана чашата со Клаудио Лотито, кој поради несовесно работење, го блокираше клубот со забрана за трансфери. Тимот остана без пласман во Европа, но и без можност за купување играчи.

Комити со остра порака до ЕУ

Вардарци успешно ја завршија домашната задача против Ла Фиорита од Сан Марино и ја совладаа со 3:0 во 1. квалификациско коло од Конференциската лига. Најверните нивни навивачи, Комити удрија силно против Европската Унија.

Страста на Бразилците за фудбал во трета лига

Навивачите кои го режираат овој спектакл се на Виторија пред натпреварот против Томбенсе во бразилската трета лига. Па ова е јако на видео да го гледаш, а не па да си таму.

Уште од мало го учат к'не да биде

Пред натпреварот Челси - Палмеирас (2:1) од четвртфинале на Светско клупско првенство, еден најмлад навивач на сините решил да ги брани клупските бои.

Јак документарец „Вечна војна“ за Рома и Лацио

Александар Пупавац од српскиот канал Прва Инста ТВ спонзориран од МеркурХТип снимил супер интересен документарец за најголемото градско европско дерби (од навивачки аспект) Лацио - Рома. Зборуваат претставници и од двете групи. Има и документарци за други европски дерби битки.

Наследникот на Ѓоковиќ?

За кај се спремаш? За Вимблдон. Мора некој да го наследи Ноле.

Навивач на Евертон му оддаде почит на Жота

Големото градско фудбалско ривалство, оди во втор план во вакви моменти. Тоа го докажува овој навивач, кој се двои од другите само по бојата на дресот.

Навивач на Флуминенсе стави кечап на пица пред очи на Интеристи

Кај Флуминенсе го елиминираше Интер во осминафиналето на Светското клупско првенство, па уште се случи и една ваква „трагедија“. Бразилски навивач фати да става кечап на пица пред куп Италијанци, па уште и да ја јаде таква. Во Италија кечап на пица се сфаќа како сквернавење на нивното свето тесто.

1 милион празни седишта на ФИФА Светско клупско првенство

ФИФА и УЕФА упорно и упорно ги игнорираат апелите од фудбалерите и тренерите дека календарот е страшно многу пренатрупан и дека овој товар нема да може уште долго да го издржат.