Галатасарај одржа тренинг пред 53.153 навивачи

Турците се фанатици за фудбал, тоа го знаеме, ама па до волку? Стадионот го распродале не за натпревар, туку за тренинг. Галатасарај на три гола до крај има +7 пред Фенербахче. Ако во сабота го победат Самсунспор на гости, ќе бидат шампиони четврти пат по ред или 26-ти во историјата.

Погледнете ја атмосферава. Ова не личи на тренинг, туку на дерби меч.

30 април 2026 - 09:41