Јувентус во неделата вечер го освои 39-то шампионско скудето, 9-то по ред, но навивачите го испочитуваа апелот на клубот на социјалните мрежи, да се слави дома а не на улиците. Никогаш во историјата на овој град титула вака тивко не славел ни Јувентус ни Торино („биковите“ имаат 6 скудета).
Знаеме дека Пољаците се меѓу најоткачените навивачи во свет, ама не до толку за вака да се испентарат и да навиваат. И тоа не за фудбал, туку за спорт кој нема да го очекувате.
Холандија беше првата земја во Европа која што реши поради глобална пандемија, во целост да ја прекине фудбалската сезона дури до септември. И сега на интересен начин ги користат празните стадиони и зелените терени.
Испаднаа пред 16 години, но излегоа со спремен банер дека ќе се вратат. Дојде 2020-та, а таткото, синот и ќерката го дочекаа моментот, се сликнаа во истите пози и станаа хит во градот. Какво трпение, доблест и љубов кон Лидс Јунајтед.
За Раимундо не важи тоа дека короната е најопасна кај постарите. Топ не го бие човекот, присутен на планетава еден век и кусур. Ја совлада и потоа отиде дома да гледа како неговите слават титула. Цел персонал го испрати царот.
Додека во Шпанија, Англија и Италија се доигруваат фудбалските сезони, Германците веќе мислат на следната. Сега главен предизвик им е како да ги наполнат стадионите во 2020/2021.
Појма немаме што зборува, бидејќи се работи за португалски новинар, само знаеме дека тие позади него се навивачи на Порто, кои сакаа да му учинат на човекот да не му е топло.
Не смејат да одат на стадион, ама затоа им текна една паметна идеја. Се собраа пред болницата за да им се заблагодарат и да ги охрабрат сите медицински лица кои веќе 4 месеци и кусур се борат со вирусот кој го нападна светот. Бреша беше едно од најсилните жаришта во Италија.
И покрај тоа што нема да биде доделен пехар, сепак ФК Вардар е прогласен за шампион на сезоната 2019/2020 која беше предвремено прекината поради Ковид 19. Нивните најверни навивачи славјето го направија во Градски парк во нивни стил. Црвено црните завршија први со 10 бода предност пред Силекс.
Едно од најжестоките ривалства во светот на спортот е она меѓу фудбалските клубови Ренџерс и Селтик од Глазгов. Повеќе од 100 години нивните меѓусебни средби носат неверојатен набој и тензија каква ретко каде во светот има. Зошто е така и од каде потекнува омразата?
Рускиот шампион Зенит е близу до нова титула во тамошното првенство, а пред мечот против Крилја Советов навивачите од Санкт Петербург короната ја заменија со фудбалска топка.
Фудбалската сезона во Холандија заврши меѓу првите неколку во Европа кои уште во април решија да стават крај на актуелната поради глобална пандемија со вирусот.
„Ја користам оваа прилика да се извинам на АПСОЛУТНО НИКОЈ!“, напишал навивачот на Барнли којшто презема одговорност дека токму тој платил и нарачал веење на таков банер над стадионот „Етихад“ во Манчестер кога играа Сити и Барнли.
Серија А сезонава е супер интересна, бидејќи во трка за титулата се три екипи: Јуве, Лацио и Интер. Римјаните се хит сезонаваа, играат фантастичен фудбал и имаат само 2 порази по 26 кола. За вечерашното гостување против Аталанта беа испратени од околу 500 навивачи кои направија спектакл.
После протестите во организација на Black Lives Matter во англиската Премиер лига сите клубови на дресовите го носат овој натпис и клекнуваат на колена во знак на поддршка во борбата против расизмот, ама некои навивачи имаат и свои аршини.
По завршувањето на ерата со Мурињо, тешко му беше на Интер да пронајде тренер кој ќе го одржи на врвот. Еден од оние кој не успеа беше Клаудио Раниери. Тој не издржа една сезона, а едно дете пак не можеше повеќе да го издржи притисокот во школо.
Не бе ова навивачиве на Наполи се како да ви кажеме. Веројатно само Турците и Јужноамериканците може да им ја разберат страста за фудбал која им оди до крајност. Наполитанец се снимаше за да објасни каде се скриени нивните големи ривали.
Да, финалето заврши кај 11 ноќта, ама нема одење во кревет сè додека не дојдат хероите кои го урнаа моќниот Јувентус. Прво следуваше блокада во центарот на градот, а потоа сите пред железничка. Го опколија и го блокираа и таксито на Мертенс, а напалени 200 беа и Мертенс и таксистот кој го носеше неговиот медал. Луда работа.
Во саботата Барселона рутински ја совлада Мајорка на гостински терен и ја продолжи трката кон титула во Ла Лига. Но мечот остана во сенка на еден глупав и наивен настан.
Пробуваа многу преку зум конференции, па со ставање картори на седиштата и други штосни начини, ама овие од шведска втора лига инсистираат по секоја цена да се на лице место. Плус ултрас не ти навива од дома и мора да се издере ко човек и да запали нешто во рака.
Ултра-десничарските групи кои од цела Англија се собраа во Лондон наводно да ги чуваат спомениците и меморијалите во престолнината, се судрија со полицијата, па со демонстрантите од BlackLivesMatter.
Елитниот европски фудбал го очекуваат празни трибини. А во Србија свири поинаква песна, па на полуфиналето на Купот меѓу Партизан и Црвена звезда имаше околу 25.000 гледачи