Трабзонспор е во транс, бидејќи и се радува на шампионската титула за пат после сезоната 1983/1984 и седми пат во историјата, со што за момент ја ставаат на пауза доминацијата на триото Фенербахче (28), Галатасарај (23), Бешикташ (21) кои заедно тежат 72 титули.
Се работи за тимот кој во 2015-та, Работнички под водство на Игор Ангеловски успеа да го елиминира и да направи сензација во третото квалификациско коло за ЛЕ. 105 милиони евра тежеа тогаш.
Најзвучното име им е Словакот Марек Хамшик, инаку легендарен капитен на Наполи кој уште е рекордер со 520 настапи за италијанскиот прволигаш, а до 2020-та беше и прв стрелец со 121 гол, рекорд кој му го сруши Мертенс.
Хамшик има освоено два пати Куп на Италија и еднаш Супер Куп, но никогаш претходно во својата 20 годишна кариера се нема за израдувано на титула.
„Ова ми е прва шампионската титула во кариерата. Никогаш не очекував дека ќе ја освојам тука. Фантастично е чувството што им прирeдивме радост на толку многу луѓе“, изјави словачкиот репрезентативец.
Прослава ќе ја паметат цел живот
🔴🔵 Millet Bahçesi'nde Trabzonsporlu taraftarların şampiyonluk sevinci! #SporTotoSüperLig pic.twitter.com/WHRv2VijKQ
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) April 30, 2022
Како и оваа лудачка инвазија на терен.
🥳 Marek Hamsik ve Trabzonsporlu taraftarlar kol kola! #SporTotoSüperLig pic.twitter.com/mqxomiBek2
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) April 30, 2022