Навивачи

А братот што побарал две девојки оддеднаш на фудбал?

За време на натпреварот меѓу Жуниор Баранкиља и Санта Фе во Колумбија еден навивач на домашната екипа на трибините за време на паузата решил со прстени да ги побара двете девојки. И двете рекле „да“. На крај Жуниор Баранкиља изгубил 1-2 со гол примен во 90+7-ма минута.

Упатство како се брка управа

Навивачите ширум светот често се незадоволни од работата на управите на фудбалските клубови. Криват некои директори за малверзација, за продавање играчи, за слабо вложување итн. итн. Во некои друштва протестите се преку прекини на натпревари, преку фрлање разни предмети, протести итн. Во Аргентина еве како ја бркале управата на познатиот клуб Химнасија Ла Плата.

20.000 тифози на брод

Во 1997 година, Каљари играл плејоф меч за опстанок во Серија А против Пјаченца на неутрален терен во Неапол. Преку 20.000 навивачи се скрцале на брод за да отпатуваат од островот Сардинија, патешествие за кое сега, во 2025-та, Гугл вели се потребни околу 15 часа. Каква страст за фудбал има во овие луѓе.

Падна легендарно знаме на Торцида, го запалија во Винковци

Дуелот меѓу второлигашот Цибалија и Хајдук Сплит во рамки на хрватскиот Куп предизвикал огромно внимание. Полни трибини и голем број навивачи на двата тима. Во еден момент Торцида извадила помало знаме одземено од противничките навивачи а домашните Винковчани им одзеле на Торцидашите старо култно знаме „Торцида Брда“ кое набрзо и го запалиле.

Аргентинска фешта во Копа Либертадорес

На легендарниот стадион „Президенте Перон“ во Авељанеда, предградието на Буенос Аирес, синоќа Расинг Клуб го пречека бразилски Фламенго во реваншот од полуфинале на Копа Либертадорес најважниот турнир во цела Јужна Америка. Повеќе од 50.000 навивачи на сино-белите направија шоу. Натпреварот заврши без голови а поради триумфот 1-0 на првиот дуел Фламенго оди во финале.

УЕФА објави кои се најпроблематични навивачи

Европската фудбалска куќа на фудбалот објави фер плеј ранкинг во одност на однесување на навивачи во европските натпреварувања. Најлоши и најпроблематични се Албанците, втори се хрватските навивачи, трети српските, четврти навивачи од БиХ, петти кипарските а шести турските.

Англиски фудбалски хумор

Не се живи ако не фатат да тераат мајтап со некој редар, линиски судија, делегат или противнички навивач или играч. Сега навивачите на Лејтон Ориент кога биле на гостување во Ротерам, се мајтапеле со редарот кој носел копачки. „Ставете го да игра!“, „Он ви е најдобар играч“, „Ништо без него“ биле само дел од скандирањата за редарот.

Хулигански хаос во Црна Гора

Црногорска втора лига или не се знае кој јаде, кој плаќа. Навивачите на Сутјеска ги напаѓаат навивачите на Беране со стапови.

Израелското дерби во Тел Авив одложено поради нереди

Пред почеток на големото израелско градско дерби Макаби Тел Авив - Хапоел Тел Авив, домашните и гостинските навивачи зад двата гола фрлиле огромен број бакљи, димни бомби и петарди после што судијата го прекинал на кратко натпреварот. Поради нереди надвор од стадионот повредени биле 12 лица меѓу кои и полицајци, 9 души биле уапсени а 16 приведени на испрашување. Натпреварот бил одложен после неколку обиди да се одигра.

Полицијата во Бирмингем не пушта израелски навивачи, премиерот Стармер се буни

На 6-ти ноември во Бирмингем натпревар од Лига Европа треба да играат Астон Вила и Макаби Тел Авив. Клубот од Бирмингем во четвртокот соопшти дека Советот за безбедност при градот кој е одговорен за издавање безбедносни дозволи и сертификати - решил да не дозволи влез на навивачи на израелскиот клуб во градот поради безбедносни причини.

Бидна и тоа, хулиганизмот ги зарази и Катар и ОАЕ

По дуелот Катар - Обединети Арапски Емирати кој заврши 2-1 со што Катарците предводени од Хулен Лопетеги се пласираа на Светско првенство 2026, гостинските навивачи се степале со домашните фудбалери, почнале да прават нереди, инциденти, нешто што не е својствено за фудбалските земји од овој свет.

Најдобриот навивачки тапанар во Европа

Малиот вози ритам за тифозите на италијанскиот нисколигаш Паганезе. Чудо од дете!

Полска на гости игра како дома

И покрај скромните резултати на репрезентацијата на Полска на големите натпреварувања, нивните навивачи поставуваат стандарди кога бодрењето своја земја е во прашање. Полјаците одат секаде и секогаш, без разлика на временски услови, далечина, патување, скапи карти итн. итн. Во Каунас синоќа против соседна Литванија во квалификациите за Светско, Полска победи 0-2 а навивачите правеа шоу.

Со рафали од пиштол пред толпа луѓе ја славеше победата на Албанија

Опасни сцени во Приштина, документирани во видео. Албанија ја совлада Србија на гости во мундијалските квалификации. Навивач пукаше со пиштол пред куп луѓе.

„Бисер балкански“ и „Заветна“ среде Гент

Македонија имаше голема поддршка на важното гостување во Белгија каде стигна до голем бод, со кој ги задржа шансите за историски пласман на СП 2026. Нашите навивачи во форма, секогаш и секаде.

Напнато пред автобусот на Ренџерс и Миовски

Глазгов Ренџерс има очаен старт во шкотската Премиер лига. На 7 меча имаат само една победа и 6 постигнати гола. Навивачите ги чекале играчите пред стадион, а тренерот го избркаа.

Ќе дошла во Лесковац со знаме на ОВК

Пред натпреварот Србија - Албанија во рамки од квалификациите за Светско првенство 2026 полека растат тензиите. Од албанска страна полетаа неколку изјави, Србите уште се мирни и не галамат. Извесна Јулијана Нура познат модел од Инстаграм која ја следат 190.000 луѓе, во емисијата Фаворит рекла: „Ќе дојдам на мечот против Србија, и тоа со знамето на УЧК. Имам фински пасош, ништо не ми можат, зашто таму имам луѓе“, рекла Нура во емисијата „Фаворит“.

Од дедо на внук

Љубовта кон Бетис во Андалузија е голема. Клубот од Севиља смисли идеја пред натпревар играчите наместо со сопругите и мајките како што во минатото го правеа други клубови, сега да излезат на терен со дедовците. Да се покаже правата љубов кон Бетис од дедо на внук.

Ако не сакате вие, ќе гаснеме ние

Во Куп на Аргентина пожарникарите нашле начин како да им ги изгасат бакљите на навивачите на трибините кои не ги слушале апелите од спикерот да не палат пиротехника.

Навивачи за пример - Атлетик Билбао

Гордоста на Баскија го загуби вториот натпревар во Лига на шампиони. Откако во 1. коло изгуби дома 0-2 од Арсенал, синоќа претрпе тежок пораз и со 4-1 беше декласирана од Борусија Дортмунд. Но и покрај поразот Баскијците грмеа и ги поддржаа своите фудбалери после натпреварот. Љубов каква што ретко се гледа.

Италијанско португалска пресметка во Неапол

Увертирата на мечот Наполи - Спортинг од ЛШ, ја имаа навивачите. Впечатокот е дека некако не знаат да се тепаат, туку се гаѓаат со флаши, чаши, маси, столици, канти за ѓубре...што ќе најдат.

Инцидентот кој го одбележа дербито меѓу Вардар и Пелистер

Тешко да помине скопско - битолската средба мирно, без тензии, набој и инциденти. Чкембари само што влегоа во гостинскиот сектор, почнаа да дивеат. Еден од нив веднаш се стрча да се прекачува накај домашната публика, а друг им фрли факел. Опасно по живот е ова дечки. Плус деца имаше во тој дел.

Турски навивачи не го оставија Ливерпул да спие

Стотина навивачи на Галатасарај доцна синоќа после полноќ правеле голема врева во близина на хотелот каде престојува Ливерпул пред нивниот натпревар од 2. коло во Лига на шампиони. Огномет, петарди, голема бука за црвените кои прашање е дали отспале ноќеска.