Навивачи

Нови скандалозни скандирања на хрватските и албанските навивачи

И покрај тоа што УЕФА парично го казни Албанскиот фудбалски сојуз поради тоа што на првиот меч со Италија навивачите на трибините истакнуваа политички пароли, знамиња од ОВК и погрдно скандираа, тој „декор“ не изостана ниту денес. Здружени со хрватските навивачи заедно скандираа „Убиј Срби“.

Англичани, угледајте се на комшиите од Шкотска

Шкотите ја префрлија масовната журка од Минхен во Келн каде денес играат против Австрија и ќе пробаат да се вадат после дебаклот од домаќинот Германија. А навивачите им се за сите пофалби. Во Келн двајца од нив ѝ помогнале на повозрасна баба да помине улица за време на обилниот дожд кој врнел.

Прекрасното австриско кортео

Австриските навивачи очекувано се меѓу побројните во соседна Германија. Нивниот изглед, ред и дисциплина во група е број 1 досега на Европското. Под конец.

Англичанец заспал на стадион и се разбудил сам во 4 сабајле

Се претпоставува дека во Германија има од 10 до 12 милиони гости од светот за Европското првенство. Меѓу најбројните очекувано се англиските навивачи, познати по тони испиени пиво, гласна поддршка и бројни знамиња (некои додуше останаа без своите). Еден Англичанец станал хит откако објавил видео во кое раскажува дека е 4 саат сабајле, дека заспал на стадионот и штотуку се разбудил утрото после мечот Англија - Србија.

30.000 Романци ја грмеа химната

Колосално изгледа моментот кога околу 30.000 навивачи на Романија ја пееја својата химна пред мечот со Украина од 1. коло во нивната група. Околу стотина романски навивачи претходно биле сопрени да влезат на натпреварот поради тоа што наводно биле запишани во досиејата. Во нивна одбрана сите оние кои беа на стадионот кренаа пароли на германски, англиски и италијански: Слобода за ултрасите.

Што ги обединува хрватските и албанските навивачи?

Во последно време секоја средба меѓу хрватски и албански навивачи има за цел само едно: да се навредуваат Србите и Србија. Така било и при една средба во германски Дортмунд.

Тепачка меѓу српски и англиски навивачи во Гелзенкирхен

И покрај тоа што германската полиција во соработка со колегите од другите земји преземаа сè што можат да не дојде до судир, па дури и забраниле точење алкохол во многу локали во Гелзенкирхен каде играат Англија и Србија, сепак избил инцидент.

Кај Холанѓаните е журката на Еуро2024

Холандското портокалово море како што го завикаа германските медиуми, во Хамбург е милина на колото. Да ти е ќејф да ги гледаш како се журкаат, на свој техно стил, и младо и старо и машко и женско. Браво лалиња!

Нашето фонди подобро од вашиот гулаш

Швајцарија по примерот на Германија, на првиот меч на Европското го растури својот ривал. Германците славеа 5-1 против Шкотска, а Швајцарците 3-1 против Унгарија. Славеа и на терен и на трибини.

Шкотите влегоа во Минхен

Се очекува околу 100.000 Шкотланѓани да бидат присутни на Европското првенство. Првата ударна ескадрила веќе пристигна во Минхен и веќе се налева со тони баварско пиво. Еуро 2024 почнува вечерва на „Алијанц Арена“ со мечот Германија - Шкотска.

Пиво од сите земји учеснички на Евро 2024

Британецот Гус кој во ноември 2022-ра година објави фотографија со пива од сите репрезентации учеснички на Мундијалот во Катар, сега го повтори подвигот со Европско 2024. Гус објавил фотографија на Твитер насловена како Евро 2024. 24 земји. 24 пива.

Италија испратена со спот за ежење

Европскиот првак од 2021-ва ќе ја брани круната на претстојното Европско првенство во Германија летово. Аѕурите повторно одат без голема помпа и јуришни изјави, туку искусно од сенка ќе пробаат да го одбранат трофејот. Ги испратија со химната која што секогаш ја пејат за ежење.

Романциве на репрезентација да ти е мерак да ги слушаш и гледаш

Нема облечени дресови преку џемпери, нема шарлатанско однесување. Сите се ко еден. Убав изглед на оградата, скоцкани, во ист глас. На Европско фрлајте им око, супер мелодични песни имаат.

Тројца навивачи на Валенсија осудени на затворски казни поради Винисиус

Прва ваква пресуда на шпанското судство во врска со расизам на стадиони во историјата.

Фешта на плоштадот Св. Спасо Радовишки на Лебари во друштво на ракометарите

Капитенот на Радовиш, Здравко Постолов е јунак кој со голчиште од слободен удар го совлада Еурофарм Пелистер 2 и го врати својот тим во ракометната Супер лига. Прославата почна во салата Автокоманда, а потоа продолжи во Радовиш.

А видиш толпа сине, бегај

Мексико. Прослава на трофеј на навивачи на Америка, клуб од Мексико Сити. Полициски службеник на свое работно место, на должност.

Ново од Запрешиќ Бојс

Бендот кој се прослави со сјајни навивачки песни пред секое Светско и Европско првенство на кое игра Хрватска, сега пред Евро 2024 се огласија со ново дело. Сите песни им се одлични и креваат еуфорија пред големите турнири.

Роденден ми е другари, ич не сте интересни

Прекрасен амбиент, убави години и ветувачка торта која на крај ќе биде промашена и со горчлив вкус. Друг пат да не ги каниш.

Навивачка пожртвуваност за дресот на Чалханоглу

Италија и Турција одиграа 0:0 на пријателска пред стартот на ЕП. На Хакан Чалханоглу му го побараа дресот, ама не успеа да им го даде на тие што го бараат. Им влета камиказа.

Што се случува на Монументал кога Ривер дома прима гол?

Ништо. Како да дале гол, а не како да примиле, е таква е атмосферата во која се пее, се грми од почеток до крај. Ривер Плејт синоќа славеше 3-1 против Тигре во аргентинската лига, а во моментот кога примија гол од гостите, домашните навивачи не престануваа со силна поддршка.

Не за анксиозни и клаустрофобични

Преку 80.000 луѓе го следеле големото финале на Лига на шампиони меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд (2:0) на култниот стадион „Вембли“ во Лондон. Полицијата, поучена од гадостите кои ги направија пијани англиски хулигани на истото место за време на финалето на Евро 2021, сега решила сè да биде пиц-пец. Еве како изгледале редовите за метро/воз после мечот на најблиските станици.

Куп навивачи на Реал на јуриш без карти, уапсени се над 50

Пак во финале, пак на Вембли и пак истиот проблем. Тогаш со навивачи на Англија, овој пат со оние на Реал Мадрид. На полицијата и редарите неочекувано им се отвори многу работа пред стадион.

Најјаката тетоважа со ликот на Клоп

Илјадници навивачи на Ливерпул ширум светот го истетовирале ликот на Клоп. Но една од последните е стварно врвна.

Дома ќе си ги носиме столчињата, прв европски трофеј ни е

Обично како сувенир од стадион, навивачите знаат дома да си однесат од тревата или евентуално ако успеат да скинат дел од мрежата на голот, ама овие на Олимпијакос отидоа малку подалеку. Столчиња корнеле.