Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Како Хамнеи и Трамп го договориле примирјето

8 April 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи ја имал клучната улога за договорот за примирјето и за преговорите за крај на војната со САД, тврди Аксиос, повикувајќи се на извори од Вашингтон и Блискиот Исток.
  • Во понеделникот, кога Трамп се закани со целосно уништување на Иран, Пентагон веќе имал разни сценарија на бомбардирање, преговарачот Стив Виткоф го оценил иранскиот мировен план од 10 точки како „катастрофа“, а американските сојузници се подготвувале за жестока одмазда.
  • Во исто време во Техеран, Хамнеи бил активно вклучен во мировниот процес и првпат им наложил на своите преговарачи да прифатат договор. Шефот на дипломатијата Абас Арагчи одиграл централна улога да ги убеди командантите од Револуционерната гарда да прифатат примирје.
  • Од американска страна, во дипломатските напори се вклучил и потпретседателот Џ. Д. Венс, кој беше во посета на Унгарија. Се очекува тој, а не Виткоф, да ја води американската делегација на претстојните преговори во Пакистан. Тоа ќе биде досега најважната задача во политичката кариера на Венс. Сè уште постои голем јаз помеѓу условите на САД и на Иран, па постои реална можност војната да продолжи по две недели.
  • Во исто време се очекува министерот за одбрана Пит Хегсет и портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит упорно да тврдат дека договорот го овозможиле „воената кампања во која биле уништени сите планирани цели“ и заканите од Трамп.
извор

Грција од 2027 година ќе блокира социјални медиуми за помлади од 15 години

8 April 2026
  • Share
  • Post
  • Грција од идната година ќе блокира пристап до социјалните медиуми за деца и тинејџери помлади од 15 години, објави премиерот Киријакос Мицотакис. Предлог-законот ќе биде поднесен до Парламентот во текот на летото, за да може да стапи на сила на 1 јануари 2027 година.
  • „Сигурен сум дека многумина од помладите ќе ми се лутат. Да бев на ваша возраст, можеби ќе се чувствував исто. Но, зависноста предизвикана од дизајнот на некои апликации, моделот на правење профит од вашето внимание, од тоа колку време поминувате пред екранот на мобилниот телефон и одземањето дел од вашата невиност и слобода, мора во некој момент да заврши“, порача Мицотакис преку видео на ТикТок.
  • Конзервативната влада на Мицотакис веќе забрани употреба на мобилни телефони во основните и средните училишта и долго време најавуваше ограничувања на социјалните медиуми.
  • „Грција ќе биде меѓу првите земји што ќе преземат таква иницијатива. Но, сигурен сум дека нема да биде последна. Имаме намера да извршиме притисок врз Европската Унија во таа насока, додаде Мицотакис.
  • Британија, Франција, Португалија и Шпанија, планираат слични ограничувања на младите за пристап до социјалните медиуми. Австралија беше првата земја што им забрани на лицата под 16 години да користат платформи на социјалните медиуми.

извор

Инстант лоз „Мега милионер“ на Државна лотарија: милион причини и само еден инстант начин да станеш милионер!

8 April 2026
  • Share
  • Post
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Трамп: Вечерва ќе умре цела цивилизација!

2

Најодликуваниот австралиски војник уапсен поради воени злосторства

3

Хрватски машиновозач со 11 смртни случаи

4

40% од американските нуклеарни подморници се на мајстор

Свет
5

Еден обичен ден во Скопје

Македонштина
6

Проблемот боли, уште повеќе боли решението

Видео
7

Русија не е Америка, Зеленски нема да заврши како Мадуро

8

Ѕверот беше помал проблем

Видео
1

Трамп: Вечерва ќе умре цела цивилизација!

2

Најодликуваниот австралиски војник уапсен поради воени злосторства

3

Хрватски машиновозач со 11 смртни случаи

4

40% од американските нуклеарни подморници се на мајстор

Свет
5

Русија не е Америка, Зеленски нема да заврши како Мадуро

6

Трамп има манијачки нагон да повредува невини луѓе

Свет
7

Израелците купуваат оружје од САД, плаќаат Американците

Свет
8

Како Хамнеи и Трамп го договориле примирјето

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Кисела Вода има Флет Ајрон, Маџир маало добива Васер Вага

Македонштина

Еден обичен ден во Скопје

Балканштина

Го докопаа

Балканштина

Се сретнале двајца научници на Фејсбук

Македонштина

Стан во кој нема да сте сами

Балканштина

Како во Србија се навива за ректор

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Проблемот со името

За едно специјално Фејсбук пријателство

Вечерен џоинт на Железара

Мирко Ковач: Кукањето е претфашистичка состојба

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy