Како Роберто Бенињи го заштити својот мал актер во „Животот е убав“

Предизвикот во создавањето на La vita è bella за Бенињи не лежел само во режијата и актерската игра - си дал задача и да го заштити петгодишниот Џорџо Кантарини што во филмот го игра неговиот син - и му успеало, на истиот начин неговиот лик го штити ликот на Џорџо.

Смислил систем - сетот го претворил во игра и дури и сцените снимани во концентрационен логор, со сите нивни трагични детали, биле поставени на начин Џорџо никогаш да не сфати дека учествува во нешто страшно. Сè било како бајка, како шега што се случува во реалниот живот и на тој начин, детето останало безбедно, а искрената детска непосредност ја внело во улогата.

Оваа посветеност на Бенињи се преточува и во улогата на Гвидо - татко кој го штити својот син од ужасот, превртувајќи ја суровата реалност во фантазија. Иако филмот прикажува трагедија, центарот на приказната се сепак љубовта и заштитата. Постои и личен елемент: главната актерка, Николета Браски, која ја игра Дора, е всушност сопруга на Бенињи во реалниот живот - работат заедно уште од 1983 година, во партнерство кое е и професионално и лично.

Снимањето не било без предизвици. Сцените со со логорот барале драматични реакции и емотивен интензитет, но Бенињи секогаш го држел Џорџо настрана од вистинската тежина. Секој кадар, секој дијалог, секој момент на тишина бил внимателно „зашминкан“ како игра - за детето да го сфати како шега, а не како хорор.

Токму оваа комбинација - љубовта кон децата, нежноста на сетот и посветеноста на уметноста - го направи La vita è bella тоа што е. Целиот труд, љубов и посветеност во и надвор од филмот не помина незабележано - филмот има еден куп награди меѓу кои и Оскар за најдобар актер и најдобар странски филм.

11 September 2025 - 14:19