Томпсон го видоа и слушнаа преку половина милион луѓе
Организаторите на концертот на Марко Перковиќ Томпсон на загрепски Хиподром соопштија дека имало 504.000 луѓе (13% од целата популација). Нови Загреб бил затворен за да можат луѓето безбедно да се вратат дома. Брза помош имала 70-тина интервенции. Томпсон носел маица со натпис 03941158, затвореничкиот број на хрватскиот емигрант Звонко Бушиќ, познат по киднапирање на американски патнички авион во 1976 година. Се самоуби дома во 2013 година.