Киа, Надал и македонскиот мермер

Компанијата Киа во Австралија објави интересна реклама во која се појавува еден од најдобрите светски тенисери на сите времиња, Рафаел Надал и се споменува македонски мермер. Во рекламата се појавува и Питер Даикос, некогашен легендарен играч во австралиски фудбал со македонско потекло. Грците одма рипнаа.

Во кампањата за Киа Тасман учествуваат 30-ина најпознати австралиски спортисти на сите времиња. Демек живеат среде еден камењарник благодарејќи на моќното возило Киа Тасман.

Меѓу легендите е и Питер (Петар) Даикос, наречен „Македонскиот Марвел“ чии рекорди во австралиски фудбал и денес се активни.

Роден во 1961-ва година во Фицрој, предградие на Мелбурн од татко Стамко и мајка Милка со потекло од Баница, Егејска Македонија. Во Австралија пристигнале во 1950-те години како имигранти.

Питер Даикос важи за битен член во македонската заедница во Австралија и често со гордост го потенцира своето македонско потекло.

Во рекламата тој носи врвен македонски мермер со Киа Тасман.

Ова било доволно за познатиот грчки портал Greek Herald да крене џева да распали по Киа. Им пречела референцата „Македонски мермер“ кој во рекламата оди во комбинација со грчка архитектура.

„Ова не е за политика, туку за почит кон културното наследство. Кога компанијата користи силни културолошки симболи во маркетинг, имаат одговорност да бидат посвесни“, вели некој коментатор на сајтот.

Се обратиле до Киа Австралија за коментар околу рекламата и терминот „Македонски мермер“ но не добиле одговор.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal)

3 July 2025 - 14:44