- Каталонскиот гигант Барселона му понудила примамлив договор на Ти-Џеј Шортс вреден 2,5 милиони евра годишно, тврди„Планета Баскет“.
- Американецот со македонски пасош ја одбил понудата, покажувајќи ја својата лојалност и фокус кон актуелните обврски со Париз, каде е лидер и ја игра сезоната на кариерата.
- Благодарение на неговата игра, Париз обезбеди место во плеј-оф фазата на Евролигата, каде за противник го има турскиот гигант Фенербахче.
- Шортс беше избран во идеалниот тим на сезоната во Евролигата, а во неколку наврати беше прогласен и за МВП на колото.
- Француски Монако е еден од најсилните кошаркарски колективи во Европа. Од сезона во сезона игра одлично, бележи врвни резултати, а минатата сезона играше и на Фајнал Фор.
- Сега тимот од кнежевството е на прагот од нов завршен турнир откако води 2-0 во четвртфиналето против Барселона и му фали уште само еден триумф за да оди на Ф4 во Абу Даби.
- Шпанскиот новинар Чема де Лукас објави дека прва цел на Монако за следната сезона е фантастичниот Никола Миротиќ, лидер на Армани Милано кој во минатото играше за Чикаго Булс и Барселона. Миротиќ има договор со италијанскиот тим до 2026-та година но постои клаузула според која може привремено да го раскине договорот ако и клубот и играчот добијат прифатлива понуда. Монако не би имал проблем да плати колку треба за него.
- Во текот на вчерашниот ден се појави информација дека Баер Леверкузен наскоро планира прес-конференција на која заедно со тренерот Чаби Алонсо кој им донесе историска шампионска титула плус Куп на Германија, ќе замине по крајот на оваа сезона.
- Чаби Алонсо најверојатно е веќе договорен со Флорентино Перез да го преземе Реал Мадрид уште од јуни месец, а легендарниот Карло Анчелоти конечно ќе им ја исполни желбата на Бразилците и ќе ја предводи нивната репрезентација.
- Италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо пишува дека Анчелоти веќе е договорен со Бразилската фудбалска федерација и дека наскоро ќе ја преземе репрезентацијата која ќе ја води на Светско првенство 2026 (ако се квалификуваат таму).