- Интересот за купување недвижности не покажува знаци на слабеење кај нас, во соседството и во Европа. Цени на становите во Скопје го пробија плафонот од 3.000 евра за квадратен метар, во Белград постигна цена од над 9.000 евра за квадрат, а во Тирана пак, цената на станбениот квадрат забрзано чекори до 2.000 евра.
- Во ЕУ, становите во Бугарија имаат најголем раст, лани пораснале за 16,5 проценти. Од 2010 година досега цените на становите во ЕУ се зголемиле за 54,1 посто.
- Инвеститорите ги гледаат становите како средство за зачувување на капиталот. Миграцијата од руралните кон урбаните средини создаваат постојана потреба за станбен простор, а ниските каматни стапки во последната деценија ги поттикнаа граѓаните да вложуваат во недвижности како безбедна инвестиција, особено во услови на економска несигурност и инфлација, објаснува за Вечер прес професорот Абил Бауш
- Во операција во која учествувале 60 авиони, Израел извршил напади длабоко во Иран, насочени кон нуклеарните, балистичките и командните капацитети на Исламската Република.
- Соопштено е дека притоа го убиле новиот началник на Генералштабот на Иран, Али Шадмани. Тој ја држеше позицијата само четири дена пред да ја доживее истата судбина како и неговиот претходник.
- Со вонредна одлука, иранскиот врховен лидер, Али Хамнеи, ги префрлил клучните овластувања на Врховниот совет на Иранската револуционерна гарда.
- „Знаеме точно каде се крие таканаречениот „Врховен лидер“. Тој е лесна цел, но таму е безбеден, нема да го извадиме (да го убиеме!), барем не засега. Но, не сакаме ракети испукани кон цивили или американски војници. Нашето трпение е при крај. Ви благодариме за вашето внимание!“, напиша Трамп.
- Го напиша и ова:
- Иран ги повика жителите на Тел Авив и Хаифа итно да се евакуираат за да не страдаат во нивните казнени напади.
- Кружи снимка од ракетен напад на Иран врз разузнавачките агенции во близина на Тел Авив:
- „Крафт Хајнц“ вети дека до 2027 година ќе ги отстрани сите вештачки бои од храната што ја продава во САД.
- Компанијата во 2016 година ги отстрани вештачките бои од своите популарни „макарони и сирење“ а сега ја проширува политиката на цела палета.
- Одлуката на Крафт Хајнц следува по директниот притисок од првиот човек на департментот за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, кој од раководителите на големите прехранбени компании побарал да ги отстранат вештачките бои додека му трае мандатот.
- Неколку држави, вклучувајќи ги Калифорнија, Вирџинија и Западна Вирџинија, веќе ги забранија вештачките бои, а повеќе од половина од американските држави размислуваат за слични мерки.