Треска, Сарај, Скопје

Ова е видео кое ексклузивно излегува на нет, реката е Треска, една од најубавите реки во Македонија, градот е Скопје-главниот град, општината е Сарај.

За жал тоа е симболиката за нашиот однос кон природата, ние сме многуууу далеку од Европска Унија, вакви работи има секаде во државата, фрлаат граѓаните, но фрлаат и службите (како што е на видеото).

Го поставувам сега затоа што гледам дека тивко започнуваат да се спомнуваат следните локални избори. Повикувам на сериозни проекти и активности, не заложби и празни зборови. Ѓубрето, реките, езерата, воздухот се одлика до каде е стигнато нашето општество. До нигде не сме, катастрофа сме, најлоши сме на цел Балкан, сите од околу напреднаа, ние сме уште на дното. Требаат сериозни чекори напред !

П.С. Што се однесува до Треска, таа е златна река, тука може да организираме светски првенства во риболов, на тоа и не поттикнуваат поединци и организации од другите земји, да доаѓаат цели репрезентациии со фамилии и логистика, да оставаат пари во државата, да се промовира државата и туризмот, НО каде да ги донесеме луѓето, што ќе видат...на Треска уште на попот капата не е фрлена во река..

Борис Аговски

14 November 2024 - 12:32