Кога ќе се сретнат стари непријатели

После многу години, случајно се среќаваат некогашните архи-непријатели од српската политичка сцена, Ненад Чанак и Воислав Шешељ. Едниов се изненадува што овој е на слобода а другиов што првиов е жив.

Чувајте се. И ние ќе се чуваме.

Кратко видео за целата бесмисленост на поделеноста која носи до војна. Босна, се среќаваат пријатели кои војуваат едни против други. Се разбира, претходно лидерите и придружната интелигенција ги убедија дека постојат две непомирливи страни и дека е крајно време да се пресметаат со 'тие другите'. Туга.  

Го имаме победникот на "Ѕвездите на МПЦ"

Сме слушале ние разни музички таленти, но ова е вистинска, тоест буквална ПОП ѕвезда. Додуша, поп е одамна а ѕвезда допрва ќе стане. Заслужено.