Преписка со долгогодишни пишувачи на писма

Ванчо: Вистинското прашање не е колку Албанци примиле на конкурсот, туку колкав е процентот на Албанци во таа државна институција?
Трендо: Вистинското прашање е зошто на конкурсот се тврди дека победиле НАЈУСПЕШНИТЕ кандидати доколку единствената цел била да се пополни квотата од Охридски?

Град на гејшите

Вакво Скопје го сакам до јајца. Затоа што е споро. Заробен во снег, градот добива некаква аристократска елеганција во својот ритам. Автомобилите одат гордо полека, како да се дел од погребна поворка за блаженоупокоеното лето. Скопјани чекорат грациозно, како гејши, како да е во тек една од оние камперски игри во кои треба да стигнеш до целта со живо јајце меѓу нозете ама да не го скршиш. Кој направи чекор поголем од 10 сантиметри, го прогласуваме за авантурист.

Да се запознаеме со ТВ Плус Куманово

Ова им е реколта 2016, и има сè: чурук албански невести, освестени гласачи што знаат дека ги лажат за избори, надлежните институции и водителки комада 3.

Почина Владо Антонов

Замина еден од последните стари мајстори на новинарството кој пишаниот збор го плетеше со педантност на филигран. Беше врвен дескаџија и предобар човек. Ја издржа за него лошата 2016-та и почина во првите денови на 2017-та, веројатно само за да не умре со сите други. Оти Владо секогаш беше башка.