Спортски облоги за душа

Да се конзумира од збор до збор, неколкупати на ден, пред и после јадење. За малку од малку да закрепнеме од оние отворени рани што ни ги направија последниве години.

Je Suis Жаклина!

Како бре се растопи и распадна една ваква атмосфера која некогаш сме ја имале?? Пазете, рани години на независна Македонија, Струга пред да дојдат Мерковци и слични транзициони Индијанци, „старо младо на нозе се кренало“, колективна задоволштина, Спидо купаќи кај и да се свртиш а сите очи и уши вперени во мовчето. А мовчето, суверено освоено и заземено од Цане и неговата, што акустична, што голорака дружина. Па најјаки!

За државното „бесплатно“

Кога државата вели дека обезбедила нешто бесплатно, тоа е исто како фрижидерот да каже дека чести ручек.

Како Македонија можеше да звучи

Можеше да звучи да си го кажеме ние нашето фабричко и приморидијално „леле“ а тоа да го разберат и други освен нас. Многу поубаво тоа ќе ви го покаже Маика Маковски (1983 година) девојка во чија плетка има македонски и андалузиски конци.