Азис им е пред Гоце, јасно?

„Големите Бугари“ е спин-оф на британската „Стоте најголеми Британци“ на BBC и почна да се емитува летото во 2006 за во финалето во декември истата година да бидат објавени листите на топ 10 и топ 100 Бугари, според гласање на широка публика. Гоце еднаш загина во Баница, другпат на бугарска топ листа.

Малку историја, пошто Бугарите ја обичат

Како окупаторите биле набркани од Македонија (со мала резерва дека гаќите стварно им останале бели).

Во бизнис класа има тешки сељачишта

Џими е цар и кога не зборува за Грци или спомнува Македонци. Овде ги руга луѓето од бизнис лаунџот на некој аеродром, дека трпаат храна во торби, како верверички во Централ Парк за да имаат што да јадат зимоска. А и други добро уловени апсурдности на денешните патувања. Супер говнојадец, во најубавата смисла на зборот.  

Грк на денот

Џимис Цапас раскажува приказна за своите сонародници која му ја дојавил Оливер Ромевски, кого го нарекува „својот македонски брат“. Ја имавме приказната на сајт (види: Грчки инсепшн), ама колку да ви ја покажеме егзалтираноста на Џимис од тоа како функционира грчкиот код.