Пакетче Несторовиќ на права музика

Уништени се 5.000 скелети од џинови, откриени се диносауруси кои блујат оган, космички портали, лек за карцином постои од 1944 година, Марсовци со сини очи кои се парат со овоземни женски, ни фалат илјада години, дијагностичките квалитети на краставиците... Добро, тоа сè е јасно, ама која е таа права музика? Генијален избор- темата од Твин пикс.

Десингерица ги миропомаза скопските клинци

Ние разбравме за кој се работи откако некој ни ја услиши молбата „Дај кажете кои се овие, да знаеме да ги мразиме“. Радомир Деспиќ, познат како Десингерица, бил во Скопје, во Привилиџ. Додека возрасните кмишат на Фејсбук, мозгааат политика или фудбалски коефициенти, куп малолетници се журкале на музиката и неговата стандардна точка - да ги мава со патика по глава. Малку им е.