Принцип на денот: Реципроцитет

Реципроцитет е збор што е многу добро познат во дипломатијата и демократиите. Реципроцитетот е единствен начин за градење стабилен пат кон иднината во односите помеѓу нашите две земји. Ние тоа не можеме да го градиме сами. За тоа се потребни двајца. Ако ги вклучиме Бугарите во нашиот устав како што сега бара Бугарија, а македонското малцинство да остане во сива зона во Бугарија, нема да го решиме проблемот на долги патеки.

Звуци од Рожен, Пиринска Македонија

Точно е дека патриотизмот не може да се сведе на чукање во гради и пеење македонски патриотски песни. Ама тоа важи главно за овде, кај што би требало да сме наши на нашето па онда таквото куражење е малку фејкерски. Ама кога ќе грмнат онаму каде што не ги признаваат, каде што им викаат дека се измислени, тоа веќе има сосема друга димензија. И се прави на сиот глас.

Само некој да зуцнал дека ова не е генијално

Илон Маск ги прави оние ракетине што можат да се вратат назад, Кинезине имаат 3Д принтер кој прави компплетна функционална куќа за само три дена, Јапонцине растураат со IoT (Internet of Things). Каде е Балканот? Дали Тесла беше последниот генијалец кој излезе од овие простори за да го осветли светот? Не. Сега кога светот е осветлен, тој треба малку и да се задими.

Секој со своите проблеми

За момент да ве потсетиме на феноменалните Астерикс и Обеликс и на волшебниот напиток кој го подготвуваше Гетафикс од кој Галите стануваа непобедливи. Легендата велеше дека дебелиот Обеликс како мал има паднато во казан со магичниот напиток па не мора да ја обновува дозата. Имаме човек кој има паднато во малку поинаков казан, со вијагра.