Среќен 8-ми март ви посакува...

ЉУБОВНА

сите жени
сите нивни бакнежи
различните начини
на кои сакаат и
разговараат и привлекуваат.

нивните уши
сите тие имаат уши
и грла и фустани
и чевли
и автомобили
и бивши мажи.

но најмногу од сè
жените се многу топли,
ме потсетуваат на млечен тост
премачкан со растопен путер.

во очите им се гледа:
биле земени
и биле измамени.
и не сум баш сигурен
што да сторам за нив.

јас сум просечен готвач
и добар слушател
но никогаш не научив
да танцувам -
во тоа време бев зафатен
со покрупни нешта.

но уживав во нивните различни
кревети
пушејќи цигари
гледајќи во плафоните,
не бев ни пакосен
ни неправеден,
само студент.

знам дека сите имаат нозе
и боси минуваат по подот
додека ги посматрам
нивните срамежливи газиња
во темницата,
знам дека им се допаѓам,
некои дури и ме сакаат,
но јас сакам само неколку од нив.

некои ми даваат портокали
и витамински апови,
другите тивко раскажуваат
за детството
и татковците и пејсажите,
некои се речиси луди
но ниедна од нив не е без смисла,
некои добро љубат,
други не толку добро,
најдобрите во сексот
не се секогаш најдобри
и во други работи,
секоја има маани
како што и јас ги имам,
и брзо се запознаваме.

сите жени
сите жени
сите спални соби
ќилими
фотографии
завеси,
сето тоа наликува на црква
само повремено се слуша смеа.

тие уши
тие раце
тие лакти,
тие очи што гледаат,
нежноста и желбата
ме држат
ме држат.

Чарлс Буковски

 

8 март 2012 - 06:28