Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Замина Слободан Шнајдер, „најважниот хрватски драматург по Крлежа“

31 август 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На 78-годишна возраст почина хрватскиот писател, драматург, прозен автор и публицист Слободан Шнајдер. „Шац“ како што го нарекуваа блиските беше најпознат по драмата „Хрватски Фауст“, премиерно изведена во ХНК Сплит во 1982 година, во режија на Дино Радоевиќ. Во неа критички се занимаваше со контроверзните страни на хрватската историја од Втората светска војна. Во 1982 неа во ЈДП ја постави и Слободан Унковски.
  • Покрај драматургијата, Шнајдер остави значаен прозен опус, во кој особено место има наградуваниот и преведуван роман „Доба на месинг“ (2016), посветен на судбината на фолксдојчерите. 
  • Како автор со јасно изразени левичарски позиции, беше активен и како колумнист и општествен коментатор. Последните години ги помина на островот Дрвеник кај Трогир. 


 

извор

Нобеловата за економија за подобри начини за справување со кризи и шокови

12 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Овогодишната Нобелова награда за економија им припадна на Американците Роберт Хол и Мајкл Вудфорд за нивното истражување на микроекономските основи на макроекономската стабилизација.
  • Истражувањето на Хол и Вудфорд покажа дека макроекономските модели стануваат посилни кога поаѓаат од однесувањето на поединечните домаќинства и претпријатија. Нивната работа сè уште претставува важна основа за современата економска политика.
  • „Работата на лауреатите ни обезбеди стабилна теоретска основа за моделите што сега ги користат централните банки и владите ширум светот“, се вели во соопштението на Комитетот. „Благодарение на работата на Хол и Вудворд подобро сме подготвени да се справиме со економските шокови, како што се енергетските кризи или ненадејните промени во потрошувачката на домаќинствата“.
  • За време на нафтените кризи во 70-тите години на минатиот век, постоечките кејнзијански модели што долго време се користеа за одредување кога и како треба да се спроведат мерки за справување со рецесии или други економски флуктуации, престанаа да функционираат. Тоа ги поттикна Хол и Вудфорд да развијат нови алатки за разбирање на тоа кои политички одговори би биле најефективни.
извор

11-то издание на Киненова од 14-18 октомври

11 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во неколку 7 програмски целини. Оваа година фестивалот е под мотото НА ПРВО СВЕТЛО, ја осветлува „новата траса од патот кој го гради КИНЕНОВА“, како што изјави на прес конференцијата посветен на годинешното издание директорот Небојша Јовановиќ.
  • Оваа година Киненова носи 6 исклучителни, врвни по многу нешта, дела на светската кинематографија, кои долго ќе предизвикуваат дискусии и прашања за особено актуелните приказни и теми кои ги обработуваат.  На програмата се: THREE WEEKS LATER на Мирослав Терзиќ, IN THE SHADOW на Салем Салавати, YESTERDAY THE EYE DIDN’T SLEEP на Ракан Мајаси, FANTASY на Кукла Кешеровиќ, KURAK на Ерке Џумакматова и THE SHOES OF MY FATHER на Христо Симеонов. 
  • Фестивалот свечено ќе биде отворен на 14-ти октомври, во киното Фросина во МКЦ со најновиот филм на Мирослав Терзиќ, познат на публиката на КИНЕНОВА по претходниот филм ШАВОВИ. Сите филмови потоа се селат во киното во Кисела вода. 

Целосната програма со округли маси и работнилници тука 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Македонштина
2

Нови ЕУ правила за рачен багаж во авиони

3

Нашите „Богати и славни“ стигнаа до Белград

Балканштина
4

Во јазичниот свет на сикс-севен

Забава
5

Златен медал за македонска ракија во Лондон

6

Хиерархија на грозјето

Мешано
7

Родовата неправда последна ќе потоне

Онака
8

Милошоски: Евтините потписи на Заев и Димитров скапо ќе ја чинат Македонија

1

По 28 години пешачење низ светот, Карл Бушби се врати дома

Bookbox
2

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден 3: Пливањето не е за девојчиња

Bookbox
3

Ника Ротшилд: баронесата-заштитничка на џезерите

Bookbox
4

„Рејџбејт“ е германскиот младински збор на годината за 2026

Bookbox
5

Букбокс интервју со Нина Николиќ: „Сите сме виновни и никој не е амнестиран“

Bookbox
6

Ајс Кјуб доби Нобел за физика

7

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден 2: 11 Октомври во Варшава, два филма, три ракии и едно деколте

Bookbox
8

Нобеловата за економија за подобри начини за справување со кризи и шокови

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Изгубени во подесувањата

Разно

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Македонштина

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Балканштина

Нашите „Богати и славни“ стигнаа до Белград

Балканштина

Два различни родителски пристапа

Македонштина

Автопат „Мед и млеко“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кога колегите ќе стивнат

Точно е за она за клинот, само сменете клин

Ни дрога ни спорт

Платон, Јелена и Алан Форд

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy