Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Сите добитници на 67-мото доделување на Греми

3 февруари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Бијонсе ја доби наградата „Албум на годината“ за „Каубој Картер“ со што стана првата црна жена која освои признание во музиката категорија кантри на овие награди.
  • Кендрик Ламар ја зацврсти својата доминација во хип-хопот со добивањето на плоча на годината, песна на годината, најдобро музичко видео и уште две награди за Not Like Us. Со тоа фановите го прогласија за победник во рап-битката која се водеше помеѓу него и Дрејк, а вклучи и обвинувања за домашно насилство и педофилија. 
  • Награди добија и Лејди Гага и Бруно Марс за „Шокирај ја толпата“. Најдобра млада артистка е Шапел Роан. И покрај бројните номинации, Тејлор Свифт не зема ниту една од големите награди. 

    (Фото: ЕРА Ιmages)
извор

Трето издание на фестивалот „Видик“

23 март 2026
  • Share
  • Post
  • Третото издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик” ќе се одржи од 25 март до 8 април 2026 година, во организација на „Литература.мк”. Во книжарницата „Литература.мк”, во „Дајмонд мол”, ќе се одржат промоции на книги, музички настапи, театарски изведби, филмска проекција и донаторски настан, со што фестивалот повторно ќе понуди динамична и разновидна културна програма за пошироката публика.
  • Фестивалот ќе биде отворен на 25 март (среда), во 19 часот, со промоцијата на книгата „Филмската пропаганда во дигиталната ера” од Сашо Кокаланов, а промотор на изданието ќе биде Оливера Ќорвезироска. Следниот ден, во 21 часот, во „Литература.мк” во „Дајмонд мол”, ќе се одржи концерт на еден од најактуелните алтернативни бендови кај нас – „Фанк шуи”.
  • Програмата опфаќа повеќе книжевни промоции, често во комбинација со театарски или музички изведби. Така, книгата „Театарски приказни” од Митко Бојаџиски ќе биде проследена со актерска изведба на Светскиот ден на театарот (27 март), по што ќе следува џез-концерт на Night And Day Quartet во состав: Јани Костурски, Оливер Јосифовски, Бојан Петков-Шамба и Павел Ренџов.

Целосната програма и можност за купување билети тука

извор

Почина големиот сликар Илија Пенушлиски

21 март 2026
  • Share
  • Post
  • На 79 годишна возраст почина Илија Пенушлиски, еден од најреномираните македонски сликари. 
  • Во објавата на социјалните мрежи неговиот син, Илија Митрев-Пенушлиски, напиша: „Беше исклучителен уметник, познат на многумина, но рамнодушен кон тоа да биде познат. Неговите идоли беа уметници, каубои, пијаници и Хозе Мухика“ (уругвајскиот претседател кого го нарекуваа „најскромниот на светот“).
  • Роден е во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на Прат институтот во Њујорк како Фулбрајтов стипендист, и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство.
  • Неговиот сликарски израз е препознатлив по урбаните мотиви, често инспирирани од Скопје и неговата архитектура. Во неговите платна може да се забележи динамика на градот, преплет на форми и линии, како и богата и експресивна колористика. Пенушлиски не се ограничувал на класични претстави, туку често експериментирал со апстракција, создавајќи дела што оставаат силен визуелен впечаток и поттикнуваат размислување. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Моментот кога Барди лут, ги враќа играчите на терен

Фудбал
2

Шпанија ги еутаназира силуваните

Разно
3

Керамидите почнаа да ја наплаќаат цената

Македонски рулет
4

Присебниот Тале и долгата змија

Македонштина
5

Како е можно да го заборавиме ОВА?

Забава
6

Јаки бизнис совети, јаки наравоученија

Балканштина
7

Јокиќ: Во САД отидовме со 1.000 евра, а браќата прво купија 100 пара чорапи

Кошарка
8

Не знаете вие што се маки

Балканштина
1

„Доста е“

Bookbox
2

Зошто некој би гледал пренос од пишување роман?

Bookbox
3

Како еден музејски водич влијаел врз расните гледишта на Марк Твен

Bookbox
4

Пронајдете ги 100-те дрвени тролови: дански уметник повикува на авантура

Bookbox
5

Социјален ангажман без зборови

Bookbox
6

Како против академското „дрн-дрн“?

Bookbox
7

„Сите ние сме Африканци“: нова изложба за врските помеѓу Македонија и Африка

Bookbox
8

Сè што сте сакале да знаете за сексот на бубашвабите, а ви било незгодно да прашате

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не знаете вие што се маки

Балканштина

Јаки бизнис совети, јаки наравоученија

Македонштина

Колегијален совет

Македонштина

Присебниот Тале и долгата змија

Македонштина

Земја на одговорност со прегорени осигурачи

Балканштина

Видовитиот дедо

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Запознајте се со Даниел Смилков

Пирамидална клетва

Четири лекции за успешен деловен човек

Каков Кенеди, таква Мерлин Монро

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy