Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Почина Драги Михајловски

21 февруари 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели

Вилијам Шекспир
Сонет бр. 55
(препев Драги Михајловски)

Ниту мермерот ниту паметникот златен
на кралевите, стихов мој не ќе го надживеат; 
ти во него со светлина поубава ќе си пратен
од мовлестиот камен од времиња блудни веан.
Кога војните страшни бистите ќе ги срозат,
и буните ќе го разорат дворецот стамен,
нити Марс со мечот, нити бојниот пожар
не ќе го уништат живиот тој спомен со пламен.
И смртта и заборавот семоќен кобен,
ти ќе ги згазиш во песната овде чуен;
со потомците твои повторно ќе си роден
што на свет ќе газат до денот суден.

Дури судот заден не те фрли в почин,
ќе живееш и овде и во љубените очи.

извор

Зошто треба да се пишуваат и негативни критики?

29 јули 2025
  • Share
  • Post
  • „Македонската книжевна сцена со години, ако не и со децении е заглавена во еден вртлог на немање силна, разумна, издржана критика. Нема критика која пробува критички и теориски да пристапува на книжевните дела и да ги елаборира нивните добри и/или лоши страни наместо само да ги хвалоспева делата што се појавуваат во македонската книжевна продукција“ - пишува Андреј Медиќ Лазаревски за Култура Бета.
  • Во ситуации како во нашата домашна книжевна продукција, кога самата продукција е во состојба да издава колку што издава, неопходно е формирање на јасна, здрава, цврста и издржана критичка мисла за да може самата продукција да се филтирира, а со тоа и да се подобрува, да напредува и, секако, да воспоставува комуникација, дијалог и дискусија за книжевните дела кои се објавуваат наспроти воспоставената пракса на „тапкање по рамо“ и зборување „зад грб“.
  • Зарем непишувањето на текстови за некои дела не е доволна критика за самите нив. Зарем игнорирањето на лошите книги не е доволна критика за нив. Зарем неучеството на тие дела во јавната книжевна дискусија не е доволна критика за нив!? Не! Одбегнувањето на лоши книги не е ниту субверзивно, не е ниту кул, не е ниту естетички и книжевно-теориски оправдано. 
извор

Рибарски караници на Ротинско езеро

22 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Премиерата на претставата  „Рибарски караници“, по текст на Карло Голдони, а во режија на Јован Ристовски, на 25 јули ќе биде изведена на отворено, до Ротинското Езеро во потпелистерското село Ротино.
  • Битолскиот театар со поддршка од Општина Битола започна со реконструкција на патот до езерото, туристичка атракција каде што првпат ќе се одигра театарска претстава. Од Народниот театар во Битола велат дека ова е уште еден доказ дека театарот го менува светот, а директорот Васко Мавровски најави театарски спектакл.
  • Во комедијата играат Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска и Марија Стефановска.

Билети за 26.07. тука

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Хрватска уште е наша, балканска

Балканштина
2

Нешто ќе те питам ЧетГПТ, право да ми кажеш

Забава
3

Полска го достигна животниот стандард на Јапонија

Бизнис
4

Не, немате вие чуден комшија

Балканштина
5

„Мене ми е смешен“ тип на човек кој кажува вицови

Балканштина
6

Не би не чудело сомнежот да е на место

Разно
7

Солун е ваш

Македонштина
8

Луѓе, знаете дека е фајронт?

Забава
1

Кога Алис Купер го спасил холивудскиот знак

Bookbox
2

Бузлуџа - бугарскиот споменик кој личи на НЛО и привлекува бројни авантуристи

Bookbox
3

Прадедото на Пушкин бил африкански принц и руски генерал

Bookbox
4

Џон Вилијамс, композиторот на „Војни на ѕвездите“, на 93 дебитира со пијано концерт

Bookbox
5

Полека (мор' полека) со ботаничкиот „сексизам“

Bookbox
6

Аудио од филмот „Брачна приказна“ со Скарлет Јохансон и Адам Драјвер се користи за - бркање волци

Bookbox
7

Киднапираното момче од Африка кое стана германски филозоф

Bookbox
8

Зошто треба да се пишуваат и негативни критики?

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не, немате вие чуден комшија

Балканштина

„Мене ми е смешен“ тип на човек кој кажува вицови

Балканштина

Хрватска уште е наша, балканска

Македонштина

Солун е ваш

Македонштина

Ја сфаќате ли сега важноста на Стојанче?

Македонштина

Лов на лакоми кленови

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Професионалец

Нетфликс стигна, баба се чешла

Кој курац прави Мајкл Мадсен со својот живот?

За оние што не читале стрипови

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy