Нов вид дрво именувано по Леонардо ди Каприо
8 јануари 2022
- Станува збор за зимзелено дрво во тропската шума Ебо во Камерун. Латинското име е Uvariopsis dicaprio и е првото ново растение опишано во 2022.
- U. dicaprio може да порасне и до неколку метри, а е воочливо по специфичните и сјајни зелено-жолти цветови на своето стебло. Блиско е до дрвото иланг-иланг кое расте во Индија, југоисточна Азија, Филипините и Австралија.
- Засега се идентификувани помалку од 50 вакви дрва, а истите се ограничени на единствена, незаштитена зона на шумата Ебо. Оттаму, ботаничарите сакаат да привлечат внимание кон него со тоа што му доделиле име на холивудската ѕвезда, позната по залагањата за животната околина и прашањата на климатските промени.