- Богданович е најпознат по "The Last Picture Show" од 1971 за којшто беше номиниран за Оскар, со тогаш младите Џеф Бриџис и Сибил Шепард, и "Paper Moon" со таткото и ќерката Рајан и Тејтум О’Нил. Освен што режирал, бил и актер, а глумел во „Сопранови“ и во последниот филм на Орсон Велс, „Другата страна на ветерот“, за којшто помогнал да биде завршен.
- Богданович има српски корени, мајка му била Еврејка од Австрија, а татко му Србин. Обајцата пристигнале во САД во 1939, насетувајќи го почетокот на Втората светска војна во Европа.
- Во раните 1960-ти Питер работел како селектор на филмови во Музејот на модерна уметност во Њујорк. Во градот го знаеле како опсесивен кино посетител, кој гледал и по 400 филмови годишно, за коишто водел детален дневник.
- Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
- Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
- На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
- Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
- Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
- Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
- Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.