Лоши вести за Бродвеј
30 септември 2021
- Мјузиклот „Аладин“, кој неодамна почна повторно да се прикажува по затворањето на Бродвеј во март е откажан поради случаи на Ковид-19 во трупата.
- Градот Њујорк бара сертификат за вакцинација за влез во театри, а и вработените мора да бидат вакцинирани.
- „Аладин“ е мјузикл на компанијата Дизни, а прв пат се прикажа на Бродвеј во 2014. До крајот на годината се планира(ше) повторното прикажување и на мјузиклите „Хамилтон“, „Лајон кинг“ и „Чикаго“.