- „Речиси е полноќ кога го вклучуваме телевизорот за заедно да го дочекаме гласањето за Евровизија, Да не е војна, тешко дека некого би го интересирало кој ќе ја претставува Србија на тој годишен европски конкурс на кич, шунд и синтетика. Да не е војна, и во финалето да не е една пејачка и нејзината песна. Никому од нас четворицата секако не му паѓа на памет дека таа би можела да победи“.
- „Најпрвин сите членови на жирото во поединечното изјаснување на Констракта ѝ доделија по 12 бодови. Последна гласаше претседателката на жирито, која не ѝ додели ни бод. Претседателката Неда Украден“.
- „Еден крајно елитистички концепт го растури естрадниот шатор, што на подрачјето на поранешна Југославија не се случува често ни кога се во прашање книжевните уметничките награди, па ни изборите за претставник на Венецијанското биенале, а камоли Евровизија. Никој не го планираше ова...Свеста за смртта за миг прави естетски да се задлабочиме. Веднаш потоа нè води кон баналност, омраза и глупост. Констракта се појави во тој среќен час. Жена.“
- Зрно фестивал годинава ја завршува со впечатлива изложба на двајца професори од Академијата за уметност од Нови Сад. Таа ќе се одржи во сабота, 6 декември, во 19.30 часот, во салата Империјал 2, во КИЦ-Скопје.
- Во единството на делата на Јелена Ковачевиќ Воргучин и Предраг Узелац се отвора расправа за природата на трагите што ние луѓето ги оставаме. Узелац ги фаќа лицата на секојдневието во сребро, во материја што тврдоглаво памти, како да го штити она што светот лесно би го заборавил без аплауз — лицата на привидно обични луѓе со скриени подвизи, водени од сопствена етика, скромно, претставувајќи контрапункт на јавното мислење и наметнатите, непроверени вредности на современото општество.
- Јелена, напротив, ги прилепува сликите за тревата, во ткиво што ја прима светлината како космичка храна, каде хлорофилот го чува споменот на мајката онолку долго колку што природата му дозволува да ја предизвикува судбината на сеќавањето. Во нивниот диптих се среќаваат две вистини: потребата и немоќта животите да се сочуваат од заборав…Среброто и тревата, постојаноста и исчезнувањето, човекот и сеќавањето — сè се среќава во вечното прашање: што од светлината останува, а што се враќа во нејзината тишина.
- Во среда, трети декември, од 18 часот, авторот Сашо Алушевски ќе постави изложба од циклусот „На Мајката земја“ – шума, во мобилната-монтажна галерија, во Паркот на франкофонијата во Скопје.
- Преку суптилна деконструкција на лисја, земја, камен и вода, сликите ја расплетуваат врската меѓу визуелното и физичкото. Материјата се претвора во знак, а фотографијата — иако фиксирана — упорно одбива да биде статична. Таа сведочи за својата ограниченост, нудејќи простор каде што претставата и реалноста се разидуваат.
- Во реализацијата се користени природни материјали и повеќе аналогни фотографски техники: цијанотипија, Ван Дајк, гумотипија и гумомаслена техника, колодиум, мордансаж и лумен процеси.