Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

„Флипбук“, фестивал за европски анимирани филмови во летното кино на Кинотека (10-13. август)

10 август 2023
  • Share
  • Post
  • Фестивалот за европски авторски анимирани филмови „Флипбук“ ќе се одржи од 10 до 13 август 2023 година, во летното кино на Кинотеката на Македонија, во знакот на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов. Проекциите се бесплатни.
  • Фестивалот ќе биде отворен со премиерата на четири анимирани омнибус филмови инспирирани од творештвото на Шопов, во режија на Иван Ивановски, Крсте Господиновски, Владимир Лукаш и Жарко Иванов. Во другите три вечери ќе бидат прикажани близу 100 филмови во четири натпреварувачки програми и панорама на европски анимиран филм.
  • Во главната селекција за најдобар анимиран филм ќе се натпреваруваат 14 наслови, најдобрите европски остварувања од минатата година. Награди ќе се доделат и за најдобар студентски анимиран филм, анимиран документарен филм и анимирани музички спотови.
  • За време на фестивалот ќе бидат претставени изложби на цртежи и колажи од анимирани филмови и флип-бук тетратки изработени од учениците во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“.

Целосната програма по денови тука

извор

Почина Ренато Баретиќ

1 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Хрватскиот новинар, писател, сценарист и актер Ренато Баретиќ, чии дела беа преведувани и на македонски, почина на 63 години во сплитската болница. 
  • Романот „Осмиот пратеник“ се смета за негово најдобро дело за кое има добиено бројни книжевни награди, а адаптиран е и во истоимениот филм (Букбокс осврт од 2010 за книгата тука).
  • Роден е во Загреб, каде на Филозофскиот факултет студирал компаративна книжевност. Во 1983 се вработува како новинар и пишува за бројни хрватски весници и списанија. Меѓу другото беше редовен колумнист на Слободна Далмација. Еден е од основачите на сплитската културно-забавна манифестација Причигин.
  • Во ексклузивно интервју за Букбокс даде ветување дека на 80 ќе оди во јавна куќа. За жал не го дочека 80-тиот роденден. 

Види и: „Сплит за почетници - абецеда на градот“ од Ренато Баретиќ и Ивица Иванишевиќ

извор

ФотоСинтеза -изложба на алтернативна фотографија

23 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • На 27 јуни (петок) 2025 година, во 20:00 часот, во Мултимедијалниот центар Мала Станица – Скопје, ќе биде отворена изложбата на алтернативни фотографии, со дела избрани на меѓународен јавен повик, избрани од стручно осумчлено меѓународно жири. 
  • Изложбата се реализира во рамки на Зрно – фестивал на алтернативна фотографија, кој оваа година се одржува по четврти пат, под мотото ФотоСинтеза! и претставува единствена платформа во регионот посветена на некомерцијални, експериментални и авторски фотографски практики.
  • Фестивалот ги промовира современите трендови во фотографијата, слободата на визуелниот израз, аналогните процеси, рачно изработените уникатни дела и едукацијата за аналогна фотографија преку работилници, публикации, предавања и изложби. 
извор

Речник

    Офф.нет
    Радио
    Радио

    Најчитани

    • Off.net
    • Bookbox
    1

    Убиен вториот човек на руската Морнарица

    2

    Страшна трагедија: Загинал Диого Жота од Ливерпул

    3

    Не бе, не е гужва во Капиштец

    Македонштина
    4

    Навремен мајчински совет

    Балканштина
    5

    Tриумфален ќенеф

    Македонштина
    6

    Зграпчи ја приликата

    Балканштина
    7

    Четири друштва во сопственост на државата должат 2,4 милијарди евра

    8

    УСАИД повеќе не постои

    1

    Штикли, кал и жуљеви: кратка историја на чевлите

    Bookbox
    2

    Медалите на пријателството

    Bookbox
    3

    Уметникот што здроби Тесла со огромна скулптура

    Bookbox
    4

    Имате ли „книжевен дечко“?

    Bookbox
    5

    Политичарите оглупуваат на жешко

    Bookbox
    6

    Почина Ренато Баретиќ

    7

    Букбокс гледаше: „Монахот и пушката“ (Бутан, 2024)

    Гледанка
    8

    Сте чуле за ирските хипхопери Никеп? Би требало. 

    Bookbox
    * за последни 24 часа

    Локалности

    Македонштина

    Не бе, не е гужва во Капиштец

    Балканштина

    Навремен мајчински совет

    Македонштина

    Tриумфален ќенеф

    Балканштина

    Зграпчи ја приликата

    Балканштина

    Ловец на рецепти

    Македонштина

    Една слика, илјада мамурлуци

    Што се чита во комшии?

    Извор:

    Штета ако сте пропуштиле

    Како од САФ и Чиста околина се дојде до ова?

    Кое сранје е овој Канје

    Клозетска муза

    Историски лекции

    Архива
    • Трендо
    • Маркетинг
    • Импресум
    Следи не:
    Powered by Трендоленд
    hosted by
    Hosted by Neotel
    © 2025 off.net.mk |  Privacy Policy