- Вчера вечер (15.09.) се одржа 76-тото доделување на наградите „Еми“, во салата Пикок во Лос Анѓелес. Доминираа сериите „Мечката“, која освои награди во три од четирите категории за најдобри комедии и „Шогун“, со четири награди во категоријата за драма.
- Џереми Ален Вајт и Ебон Мос-Бахрач од „Мечка“ ги добија наградите за најдобар актер и за споредна машка улога во комедија. Џоди Фостер е најдобра актерка во ограничена или антологиска серија, за „Тру детектив“. Најдобра актерка во драма е Ана Саваи за „Шогун“, а најдобар актер во драма е Хиројуки Санада за истата серија.
- Вил Смит (не актерот) доби Еми за сценарио за „Слоу хорсис“, а Ричард Гад за сценарио за ограничена или антологиска серија или филм, за „Бејби рејндир“.
Сите награди на линкот.
- Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
- Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
- На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
- Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
- Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
- Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
- Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.