- Во вторник (18 април) влезот во сите музеи и локалитети низ Македонија ќе биде бесплатен во чест на Светскиот ден на културното наследство.
- Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите е востановен на 22-та седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1982 година. Од тогаш 18 април е ден на прославување и промоција на културното наследство, и претставува можност за подигање на свеста за неговиот диверзитет, за неговата важност и за потребата за негова конзервација.
- Впуштете се во волшебниот свет на „Алхемија на дивината“, со мултимедијалниот и локациски специфичен перформанс, кој ќе ги трансформира патеките на живописното Вевчани и Вевчанските извори на 26 и 27 јуни.
- Ова уникатно искуство е дело на заеднички процес кој ги спојува талентите на уметниците и изведувачите од различни уметнички области.
- Премиерата е на 26 јуни во среда во 19:00 часот, а втората изведба на 27 ми во четврток во 12:00 часот. Истиот ден ќе има и трета изведба во 19:00 часот. Бројот на посетители е ограничен.
- Холивудскиот актер Доналд Сатерленд почина на 88-годишна возраст во Мајами. Веста за неговата смрт ја потврди неговиот син Кифер Сатернелд.
- Кариерата на Сатерленд траеше повеќе од 60 години, со снимени над 190 филмови и серии.
- Иако никогаш не освои ниту една од големите филмски награди за главна улога, тој освои два Златни глобуси за најдобра споредна машка улога – во филмовите „Граѓанин Икс“ и „Патот до војната“. Беше награден и со почесен Оскар во 2017 година.