6-то издание на фестивалот „АртАреа/Артерија“
8 септември 2022
- Од утре (петок, 9.9) до 11.9 во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи шестото издание на фестивалот „АртАреа/Артерија“ во организација на издавачката куќа „Бегемот“.
- Фестивалот претставува тридневен комплекс од јавни културни настани, обединети околу културната интермедијалност, односно поврзувањето на различните уметнички јазици, медиуми и практики: книжевност, музика, изведбени уметности (театар, перформанс), визуелни уметности (фотографија, филм, илустрација, цртеж, плакат, анимација) и ракотворство.
- Целосната програма по денови на линкот.