- На овој ден во 1983 потполковникот Петров бил на должност кога системот за заштита на ССССР известил дека пет нуклеарни ракети биле лансирани од САД.
- Петров проценил дека алармот е лажен и не ги следел пропишаните протоколи. Се смета дека неговата одлука превенирала одмазднички нуклеарен напад врз САД и нивните сојузници.
- Приказната не била јавно позната до доцните 1990-ти. Во чест на неговиот храбар чин денешниот ден, 26.9 е прогласен за Ден на Станислав Петров.
- За него е снимен документарец од 2015, „Човекот кој го спаси светот“. Починал во 2017.
- Како најава на нова архитектонска публикација „Артемушкин и Скопје“, која го истражува творештвото на еден од најголемите градители од периодот меѓу двете светски војни, авторите Ноеми Чаусидис и Мартин Ефремовски нудат уникатна прошетка низ нејзината содржина.
- Настанот ќе се одржи оваа сабота – 16-ти ноември, во 12:00 часот, и ќе започне од фонтаната Лотус на влезот во Градскиот парк.
- Ќе бидат посетени познатите палати Рубен, Бојаџиеви и Арапска куќа, но исто така ќе се откријат и помалку познати примери од творештвото на Артемушкин кои често ги игнорираме во секојдневниот живот низ Скопје. Регистрација е обврзна, на линкот.
- „Орбитал“ на британската авторка Саманта Харви, е романот којшто ја доби престижната Букерова награда за проза за 2024.
- Станува збор за приказна за шест фиктивни астронaути (мажи и жени) на Меѓуародната вселенска станица кои во текот на едено деноноќие искусуваат 16 изгрејсоцна и 16 зајдисонца. Таа е опишана како „медитација за Земјата, убавината и човечките копнежи“.
- Со само 136 страници, „Орбитал“ е втора најкратка книга која ја добива оваа награда. Таа е за четири страници подолга од „Крај брегот“ на Пепелоп Фицџералд, која доби Букер во 1979.