Кога Бајрон се обидел да купи 12-годишно девојче

Англискиот поет се заљубил во Тереза Макри додека патувал низ Грција. Во нешто што денес би се опишало како скандалозен чин, тој ѝ понудил на мајката на девојчето откуп за да си го носи дома.

Реалните живот на писателите од романтизмот не се секогаш толку романтични колку што тоа изгледа на прв поглед. Мери Шели и нејзиниот сопруг, Перси воделе љубов на гробот на нејзината мајка, Џон Китс провоцирал тепачки на свечени вечери, а сите биле по малку (или по повеќе) депресивни и суицидални. На ова може да се додаде бизарната и „непријатна“ епизода од животот на поетот Бајрон, која често се прескокнува во обожувачките биографии посветени на поетот: епизода во која тој се обидел да откупи 12-годишно девојче.

Ова се случило во Грција, земјата која со своето древно наследство ги привлекувала западните уметници од тој период. Додека патувал низ земјата, тој собирал материјал за својата епска поема „Чајлд Харолд“ и на повеќе наврати во 1809 и 1810 престојувал во атинскиот дом на газдарица по име Тасија Макри. Додека бил под нејзиниот покрив, се вљубил во ќерката, Тереза, која тогаш не била ни тинејџерка. 

Таа дури не му била ни единствената „симпатија“. Во писма до пријатели тој наведувал и други имиња, на пример дека „умира од љубов по четири грчки девојчиња по име Атина, Тереза, Маријана и Катинка“. Сепак, Тереза била единствената атинска убавица за која Бајрон бил подготвен да го отвори ќесето. Тој ѝ понудил на мајката 500 британски фунти. А за што му било потребно девојчето, дали како идна сопруга или муза, тоа денес можеме само да го претпоставуваме. 

Мајката сепак била доволно мудра и заштитнички настроена за да не ја прифати понудата. Бајрон ја напуштил Атина за Константинопол само со слугите и другарите-придружници на патот.

На својот типичен начин, поетот го опишува својот очај во „Моме од Атина, мораме да се разделиме“. Песната, напишана во стилот на традиционалните грчки рефрени, би можела да се смета за едно од најубавите љубовни писма во историјата. Да не е деталот со 12-те години на неговиот субјект. 

11 август 2023 - 09:49