Хранлива улична уметност

Ѕид да излижеш

Дорота Панковска е уличен уметник и фотограф кој на ѕидовите и асфалтот црта со необични материјали. И, за чудо, промовира брендови без пари.

23-годишната Дорота улиците на Брамптон (град во близина на Торонто) ги украсува со логоа на познати марки. И тоа би можело да се толкува како некаков „герила маркетинг" да не е серијата наречена Pro Bono Promo (Бесплатна промоција), која е повеќе концептуална отколку комерцијална. Имено, нејзина цел е буквално да го примени принципот според кој медиумот е исто што и пораката (или означувачот исто што и означеното) - рекламата за кечапот Хајнц е испишана токму со овој кечап, а оној за Максвел хаус со кафе. Добро, има и такви кои не се јадат, како Жилет или Колгејт. Употребените производи ги одбрала наводно затоа што ѝ се допаѓаат - ако е така, тогаш не ни е чудно што првиот ѝ бил Нутела. Заради користењето на храна во графитите Дорота е позната и како „хранлив Банкси“

За овие графити Панковска најпрвин ги зголемува логоата во Фотошоп, ги печати и прави рамка која потоа ја пополнува со соодветниот материјал. Локациите ги бира според бојата, за да бидат во контраст со него. Се надеваме дека иако во моментов е „про боно" долгорочно ќе и се исплати - ако не зема за рака, барем да и даваат за материјал.

 

 

 

 

 

25 октомври 2013 - 18:09