Што мразиш во орманот на жена ти?

Весела и безгрижна се спремам да излезам од дома. Задоволна од одговорот во огледалото, се упатувам кон излезот. Отпозади слушам едно: " Мххм, вака ќе излагаш од дома?"

Ништо од она што си замислувате: никакво прекратко здолниште, ниту длабоко деколте, нема чипки, штрасови и леопарди, не ѕиркаат подвезици и чудни чорапи, никакви штикли. Игнорирам некомплимент, си се тешам дека мажите не се разбираат од мода и излегувам.

По оваа епизода почнав да отворам форуми, блогови, разни анкети и истражувања на модни списанија и сајтови и да се распрашувам по мои пријатели и познаници, кој дел од женската гардероба им е најнеомилениот. Од сите овие информации, скрпив топ тен листа на сите оние ствари кои ние (обожаваме да) ги носиме, а на мажите им се превртува стомакот. Почнувајќи од крајот, листата изгледа вака:

10) Сè што е дел од машка гардероба: кравати, смокинг јакни, мокасинки и машки кондури со врвки. Изгледа дека се што е типично "машко" на женско тело ги збунува и преферираат (скоро) секогаш женствени алишта. Можам да се согласам за краватите, но не и за останатото зашто мене жените кои знаат да го носат "момче-стилот" ми се фасцинантни. Можда не секси, ама на крајот на краиштата, не е секси за сегде.

9) Гладијаторски сандали. Да. Полоши сандали, нема да измислат. Или си пичка ипол, па можеш да си дозволиш да шеташ и со кеса за ѓубре, во сите останати случаи грешката е катастрофална.

Ве убедив?

8) Фустанчиња кои паѓаат на глог. Прашалник? Уште не знам како глог фустаните завршија на листава. Штета.

7) Овер џемпери, беги џинс, ролки, макси блузи, шалови и слични покривки. Сè што прикрива премногу и е премногу овер на мажите не им се свиѓа. Причините се очигледни.

6) Mногу дебели хулахопки Финтата било да облечеш хулахопки кои не се толку многу дебели (максимум е четириесет ден) кои го дозволуваат она "видиш-не видиш". И овој испит мизерно го паднав.

5) Kомбинезони. Толерирани се само кај трудници, инаку мажите не ги сакаат зашто им изгледа премногу работно. Не мора да повторуваме, суштината е иста: премногу покриваат.

 

4) Аг чизми. Иако во Италија, а и ширум Европа, нема девојка која нема барем еден пар аг, еве ги и нив на црната листа. Тоа дека агот те прават како елф од шума, се согласувам, ама дека е една од најомразените кондури што постојат, не знаев. 

3) Смкнати панталони кои завршуваат со ластик на глуждот или под колена. Оние кои се занимаваат со мода ги знаат како Харем панталони, а во Италија ги викаат Турски. Навраќајќи се на воведот, денот кога бев полициски застаната пред врата имав баш Харем панталони кои од тогаш си останаа згужвани во некој шкаф.

 

2) Хеланки. Ова е делот што ме зачуди. Хеланките, посебно оние кои стигаат под колена ги имаше насекаде во листите, а причината е верувале или не, естетска, наместо тестостеронска како во претходните случаи. Пошто многу девојки кои иако не би можеле да си ги дозволат заради физичката конституција, сепак ги носат, за мажите хеланките се трауматични.

1) Доколенки. На прво место, победник на сите истражувања се доколенките кои се очигледно најомразениот дел од нашата гардероба. Подолу, Меркел со доколенки, тотален моден кикс. Океј, не сум фер што ви ставив слика од Меркел, ама сепак, признајте, доколенка е стварно лоша измислица.

На самиот почеток на оваа моја истражувачка авантура бев убедена дека меѓу првите места ќе биде нешто од долниот веш и очекував повеќе клише одговори од типот-бабски гаќи, боди, мидери енд компани. Ама изгледа и тие си имаат фанови и фетиши. Меѓу останатите споменувани непожелни аксесоари беа и балетанките, венчињата за коса и големите наочари за сонце. Нормално, имаше и непредвидливи одговори кои скршнаа од главниот пат како на пример сукњи со туфни, маици со гол грб и патики. Битно е дека за доколенките, сите сме согласни.

Наравно поучение: ако облечете било кој од горенаведениве модни гревови ќе ви биде простено, ама ако ви е во план да се расоблечете, а сте ги утнале чорапите, реагирајте набрзинка, соблечете ги, фрлете ги, скријте под кревет, во ташна, импровизирајте, глумете, правете што ќе ви се види паметно, само ослободете се од нив. ☺

Ако јас бев анкетирана, пред доколенките и неатрактивните гаќи без сомнеж ќе ги ставев женските памучни пижами кои за мене остануваат мастерпис против секакви искушенија. Кога би била млад дечко (а со ова ги исклучувам од муабетов постарите госпоѓи) и би се разбудила покрај некоја во памучни пижами со цвеќиња, би ми паднало тешко, онака сабајлечки. Ќе сакав да не се разбудам. За среќа не сум маж, па мене никој не ме прашува.

Тоа дека не спијам со цветни пижами, го заклучивте и сами, а ако може да ви биде од утеха, во мојот шкаф се присутни сите ствари на списоков освен гладијаторките и доколенките. Не знам за вас, ама изгледа јас за мажите ништо не сум разбрала до сега.

Емили, Италија

emabela@yahoo.com

1 октомври 2012 - 21:06