од сега и на интернет

Азно, работилницата за икони од нашиот град

Со луѓето од галерија Азно се сретнавме за да зборуваме за онлајн продавница за икони. По првите триесетина минути муабет видовме каде не се разбираме. Кога се разбравме, сфативме дека тие не се само продавница за икони, тие се сè за икони - ги изучуваат, рачно ги цртаат, ги пазат, ги промовираат и ги продаваат. Ви ја претставуваме комплетно новата (рачно изработена) веб-страница и онлајн продавница на галеријата Азно.

Идејата на луѓето од Азно не им е само да ги продаваат иконите (што беше и најмалку зборуваниот дел во нашите муабети), најголема желба им е да ја истакнат автентичноста на иконите што тие ги изработуваат, наспроти плевелот од евтини копии на дигитално отпечатени икони.

Да не заборавиме, имаат и уметнички слики.

На крај си дадовме рака за сајт на кој има:
- галерија и продавница за онлајн купување икони и слики;
- блог за промоција на автентичноста и рачно изработени македонски икони;
- совети и техники за одржување и изработување икони;
- информации за нивната работа;
- запознавање со луѓето кои стојат зад галерија Азно;
- сето ова на македонски и на англиски јазик

Тоа изгледа вака:

- Насловна


- Преглед и избор на икони

- Икона:

Технички дел:
- целиот сајт е изработен во Друпал 7.
- за продавницата е употребен и прилагоден Друпал комерц.
- плаќањето е можно со платежни картички (овозможено од Casys) и профактура.
- во позадина ни е стандардната комбинација за сервери

Ви го претставуваме azno.mk

Нека им со среќа.
екипата на Трендоленд

9 април 2015 - 14:07