Донатори на вечни хемикалии

Студија открила дека оние кои донираат крв и крвна плазма, полесно се ослободуваат од таканаречените вечни хемикалии кои се неуништиви а ги има насекаде во човековата околина. Веста е добра за оние што донираат, но отвора проблем за оние што примаат, затоа што тие концентрации не се мерат. Дали некои сега ќе донираат крв само за да си го исплакнат организмот?

285 пожарникари од Мелбурн учествувале во студија која имала за цел да утврди дали од човековото тело можат да се отстранат таканаречените „вечни хемикалии“.  Тоа се озлогласените PFAS кои се неуништиви и ги има насекаде, од тавчиња до облека, до вода, до почва....

* Ги нема само кај нас - затоа што не се мерат.

За време на 12 месечниот експеримент, една група пожарникари донирале крв секои 6 недели, друга група донирале крвна плазма секои 12 недели е третата група не давала крв.

Резултатите покажале дека донирањето го намалува нивото на вечните хемикалии во организмот, при што донирањето плазма е поефикасно и доведува до позначително намалување на присуството на PFAS.

Епидемилог од Мичиген вели дека ваквите наоди се во склад со досегашните сознанија дека жените во просек имаат помали нивоа на вечни хемикалии во себе, најверојатно поради менструалниот циклус.

Ова е добра вест за оние кои донираат крв, но отвора проблем на другата страна, кај оние што примаат, посебно затоа што кај донираната крв не се следат концентрациите на PFAS.

Некои кругови веќе изразија загриженост дека оваа студија би можела да охрабри луѓе да донираат крв само за да ги елиминираат штетните хемикалии од своето тело.

Две PFAS супстанци се поврзани со дузина здравствени проблеми. Едната (PFOA) има линкови со рак на бубрези и тестиси, тироидни болести, чир, зголемен холестерол и притисок. Другата (PFOS) е асоцирана со репродуктивни и развојни проблеми, болести на црн дроб, бубрези и тироида.

***********

Види и:

Америка вечна да е

Што е повечно: парите или хемикалиите?

31 јануари 2024 - 15:00