Лексикон на изрази

Брак: законско здружување на двајца луѓе за решавање на заедничките проблеми, кои инаку не би ги имале кога не би се здружиле.

Лесна жена: Термин кој се употребува за жена со морални вредност на маж.

Врска: Процес на трошење на огромни колични пари, време и енергија, со цел подобро запознавање на некого кој моментално можеби и не ви се допаѓа нешто посебно, а во иднина веројатно ќе ви се допаѓа уште помалку, ама сето тоа е заради секс, па нека е...

Нимфоманка: Термин кој мажите го користат за жена која сака секс почесто од нив.

Интелектуалец: Индивидуа која има капацитет да размислува подолго од 2 часа за нешто што не е секс.

Архитект: Личност која не била доволно маж за да биде инженер, а не е доволно геј за да биде дизајнер.

Програмер: Личност која ќе ти го реши проблемот што не си знаел дека го имаш, и тоа на начин на кој нема да го разбереш.

Главоболка: Контрацепциско средство најчесто користено од страна на жените.

Љубов на прв поглед: Запознавање на двајца многу попалени, кои не се нешто посебно пребирливи.

Економист: Експерт кој утре ќе знае зошто она што го предвидел вчера не се случило денес.

Дипломат: Оној што ти кажува да одиш во пичку материну, на таков начин што едвај чекаш да почне патувањето.

Извидник: Дете облечено како кретен, на кое му наредува кретен облечен како дете.

Психолог: Оној кој ги гледа сите останати кога згодна жена ќе влезе во просторијата.

Тимска работа: Можност за префрлање на вината на друг.

Инфлација: Живеете плаќајќи ги цените од идната година со платата од претходната.

Консултант: Оној кој ќе ти го земе часовникот, па ќе ти каже колку е часот и на крај тоа убаво ќе ти го наплати.

Хардвер: Дел од компјутерот кој ги прима ударите кога не работи софтверот.

Пријател: Личност од спротивниот пол со некоја очигледна физичка мана заради која сексот со тоа лице е незамислив, што ја прави таа личност погодна за разговор и оговарање.

31 март 2017 - 15:17