Првиот албум на Оазис од вештачка интелигенција

На некои (инди бендот Бризер) им здосади да чекаат дали и кога Оазис повторно ќе се обединат па со помош на вештачка интелигенција издадоа албум (на измислениот бенд AIsis) кој покажува како денес (веројатно) би звучеле Британците ако заради големи пари и слава и уште поголеми ега и табиети не се распаднаа во нивниот пик во 90-тите.

Осумте песни се напишани и снимени од луѓе но вокалот на Лијам Галагер е емулиран благодарејќи на вештачка интелигенција која се вежбала на акапела снимки од човекот.

Сето тоа звучи застрашувачки Оазовски.

„Во ера на ВИ Оазис, нема поента да си обичен“, размислува еден колумнист на Њу Мјузикал Експрес.

**********

Види и:

Како звучат Oasis на кристал мет

 

 

20 април 2023 - 20:32