Кристијано со хет-трикот во ЛШ на Реал му донел пола милион евра

Португалецот му даде три гола на Атлетико и не ни претпоставувал дека му помогнал на клубот од кој замина минатото лето, да заработи околу 500.000 евра повеќе.

Се работи за Market pool на УЕФА - награден фонд кој се распределува во зависност од локалните ТВ пазари. Овој фонд нема врска со оној основниот од кој Реал доби загарантирани 35,55 милиони евра.

Во тековнава сезона општиот размер на награден фонд од Market pool изнесува 292 милиони евра. Овој фонд се дели на два дела:

- Првата половина (146 милиони евра) се распределува по проста шема: секој претставник заработува средства во зависност од ТВ пазарот. Клубовите од земјите кои праќаат по 4 клуба во Лига на шампиони добиваат пари на основа на остварените резултати од минатата сезона: освојувачите на титулата во домашното првенство добиваат 40% од вкупната сума, второпласираните по 30%, третите 20%, четвртопласираните 10%.

Сумата на добиените пари најчесто се чува во тајност, но според RTVE, шпанскиот колач во Market pool изнесува 15%. Значи, четири учесници во ЛШ кои доаѓаат од Ла Лига добиваат 21,9 милиони евра од овој фонд, а конкретно Реал зема 4,4 милиони евра.

Тоа е фиксна сума која не зависи од резултатите на клубот во сезоната во ЛШ.

Во однос на втората половина (146 милиони евра), и тука е едноставно како во првиот случај - парите се распределуваат по земји, а Шпанија и тука добива 21,9 милиони евра кои се распределуваат по четири клуба (Барселона, Атлетико, Реал и Валенсија). Принципот е прост: парите се делат во зависност од бројот на мечеви кои клубот ги одиграл во ЛШ.

Четирите шпански клубови во ЛШ одиграа 32 меча (Реал 8 од вкупните 32). Тоа значи дека „Кралевите“ добиваат 25% од 21,9 милиони евра или во превод 5,5 милиони евра. А ако Кристијано Роналдо не го елиминираше Атлетико во 1/4 финалето, шпанските клубови ќе имаа одиграно најмалку 34 одиграни меча во ЛШ сезонава.

Во тој случај парите од наградниот фонд кои би ги добил Реал би паднале на 23% или нешто повеќе од 5 милиони (а помалку од 5,5 милиони евра).

500.000 евра е голема сума дури и за гигант каков што е Реал Мадрид, особено што им ги донесоа Роналдо, Алегри и Јувентус. Интересно, ако Барселона го пројде Манчестер, Реал би можел да заработи дополнително од наградниот фонд.

Минатата сезона наградниот фонд од Market pool бил значајно поголем од денес - 596 милиони евра, но тоа не ги осиромаши клубовите.

Што се однесува до Јувентус, Роналдо со хет-трикот против Атлетико, на клубот од Торино му донесе минимум заработка од 10,5 милиони евра за пласман во четвртфинале. Бјанконерите веќе може да сметаат на 46 милиони евра од општиот pool, на 29 милиони евра за клупскиот коефицент на УЕФА ранг листата и околу 10 милиони од стандардниот Market Pool.