Таг: кристијано роналдо

15 години од освојувањето на првата Пушкаш награда која ја освои Роналдо

Во 2009-та година ФИФА предводена од Сеп Блатер воведе награда за гол на годината и ја крсти „Ференц Пушкаш“ во чест на легендарниот фудбалер на Реал и селекцијата на Унгарија. Во тоа време сметан за најмоќен напаѓач со 806 клупски гола на 793 натпревари, како и 86 репрезентативни на 90 настапи, рекордни бројки за тоа време. Првата награда ја сефтоса Кристијано со луда бомба против Порто во ЛШ.

Роналдо доби црвен поради лакт, а потоа му замавна на судијата

Таман врза два хет-трика по ред за зголемување на светскиот рекорд кој му е близу 900 гола и еве го пак. Нервозен, гневен и ироничен. Му идеше бокс да му зачука на судијата.

Што си кажале Буфон и Роналдо после оние луди ножички?

Евроголот на Кристијано Роналдо против Буфон вчера наполни 6 години, а се работеше за четвртфинале од ЛШ кое Реал го доби на гости со 0:3. Џиџи открива што муабет паднал меѓу нив двајца откако го шокирал со потегот.

Блескави 45 минути за Роналдо со хет-трик и две асистенции

Во рок од четири дена, Кристијано Роналдо постигнува два хет-трика. Првиот во второ полувреме за 23 минути, вториот во прво за 31 минута. Така бе Кики, со фудбалски вештини полни ги насловните, а не да се корнеш од нервози за безвезни провокации.

Јако ЛШ ретро извади УЕФА од пред 15 години

Се работи за сезоната 2008/2009 и она единствено финале меѓу Меси и Роналдо, односно Барселона и Манчестер Јунајтед кое го доби Аргентинецот. Во полуфинале момците на Фергусон го елиминираа Арсенал на Венгер. Погледне како почнува клипов, со ненормално добар слободен удар на Роналдо, кој тука има 24 години.

Пет години од спектакуларниот хет-трик на Роналдо со кој го фрли Атлетико на колена

Се работи за првата сезона на Кристијано во Јувентус, 2018/2019, онаа кога Ајакс беше неверојатен и за влакно не стигна до финале во ЛШ. Со поразот од 2:0 од Атлетико Мадрид во осминафинале, Јувентус на реваншот имаше зезнат резултат, против тврд противник за што беа потребни 3:0 за елиминација. Одговорот го имаше Кристијано Роналдо со голови во 27', 48' и 86' минута токму против неговиот градски ривал од Мадрид, за делириум на Алијанц.

Ал Наср елиминиран во ЛШ, Роналдо ја има утката на кариерата

Со гол во 118-та минута, Кристијано Роналдо го спаси својот тим и го однесе во продолженија, но сето тоа паѓа во вода.

Роналдо против двајца, да се наежи човек

Ал Наср го загуби првото четвртфинале во азиската Лига на шампиони од Ал Аин со 1:0. На Роналдо до толку добро му одеше дриблингот, што почна и сам да се дрибла, а ја научи и лекцијата дека не треба да се треска од земја кога му скандираат Меси. Барем за сега.

Како ли фановите на Роналдо ќе го оправдаат најновиот сељачки потег?

877 гола за Кристијано Роналдо, 877-ма глупоштија откако отиде на 500 милионската печалба во Саудиска Арабија? Чуму вакво однесување?

Мајсторски гол на Роналдо, нова прослава и клупски настап број 1.000

И Кристијано Роналдо синоќа имаше натпревар во Лига на шампиони, ама во азиската каде му донесе минимална победа на својот тим.

Инвазија на Кинези во хотелот каде спиеше Роналдо

Ал Наср отпатува на турнеја во Кина каде требаше да одигра неколку пријателски натпревари, ама ја одложи поради повреда на Кристијано Роналдо. Кога разбраа неговите фанови, упаднаа во хотелот каде престојуваше нивниот идол, а тој им се извини на прес.

Роналдо падна во шеснаесетник и му мавташе на судијата да не свири пенал

После сите нервози, плачки и кавги со судии, Кристијано Роналдо конечно со саглам потег во Саудиска Арабија, кој може да им се служи како пример на глумците. На мечот против Персеполис од Иран во азиската ЛШ, Роналдо доби непостоечки пенал откако никој не го допре, но веднаш го корегираше судијата дека немало елементи за удар од 11 метри.

Кога Роналдо најде да се закача со Кафу

Роналдо тука има 20 години, Кафу 35, значи 15 години постар и пак почит нула. Одговорот на еден од најјаките бразилски бекови во историјата беше едноставен, со еден потег.

Роналдо бараше судијата да биде заменет и пак наседна на провокациите за Меси

Со голот на Мане во 107 минута, Ал Наср го елиминираше Ал Етифак во осминафиналето од Кралскиот Куп. Роналдо како и многу пати, се нервира и влегува во клинч со навивачите кои скандираат за Меси, а во еден момент побара замена за судијата, незадоволен од црвениот картон за Талиска.

Специјална торта за Роналдо на тренингот на Ал Наср

И покрај тоа што годината не е завршена и бројките може уште да растат, фудбалерите на Ал Наср го изненадија Роналдо со торта на која стои неговата голгетерска статистика за 2023-та, а тоа се 40 голови на сите натпреварувања за клуб и репрезентација. Плус 203 меча и 127 гола за Португалија.

Деби гол на Роналдо во азиската Лига на шампиони

Ал Наср како фаворит над првакот на Таџикистан, Истиклол славеше со 3:1 во ЛШ и тоа изненадувачки откако гостите поведоа во 44-та минута. Со израмнувањето на Роналдо и двата гола на Талиска, Ал Наср стигна до 3:1 во рок од 11 минути.

Роналдо му влезе на голманот на Словачка со крампони во глава

Со голот на Бруно Фернадеш, Португалија ја доби Словачка на гости и може да биде среќна што не остана со играч помалку. Кристијано Роналдо имаше несмасен старт над Мартин Дубравка и помина само со жолт картон.

Роналдо го пцуеше судијата, не му досудија два пенали

Со головите на Талиска и Брозовиќ во судиското продолжение, Ал Наср се избори за пласман во групната фаза на азиската Лига на шампиони. Кристијано Роналдо не се запиша на листата на стрелци и повторно правеше сцени.

Како тоа јас дадов два гола, а не сум МВП?

Пусти Кристијано сака сите голови и награди да бидат негови. Постигна два во финалето на Африканскиот Куп на шампиони против Ал Хилал и со тоа го освои првиот трофеј откако е дојден во Ал Наср, а на крајот бараше објаснување зошто не е прогласен за најдобар на мечот. Признанието отиде во рацете на Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Херојска партија на Роналдо, му донесе трофеј на Ал Наср во продолженијата

За Меси и Роналдо годините дефинитивно се само бројка. Едниот врза голгетерска серија на првите 5 меча во САД, а другиот стигна до првиот трофеј во Саудиска Арабија и тоа со два негови погодоци.

Голмански рефлекс кој им спречи радости на Роналдо и Мане

Кристијано Роналдо ја заврши работата од пенал и со победа од 1:0 му обезбеди на Ал Наср финале на Арапскиот Куп на шампиони. Весниците ќе беа уште побогати ако ги погодеше двете 100% шанси после прекрасните додавања на Садио Мане. Второто ептен атрактивно со пета на прва.

Роналдо со гол од пенал го однесе Ал Наср во финале и доби трофеј за кој го закачнаа

Ал Наср обезбеди пласман во финалето на Арапскиот Куп на шампиони, а Кристијано Роналдо беше прогласен за играч на натпреварот. Погодува на четири меча во низа.

Нова бламажа на Роналдо после фруструција за поништен гол

Со ваков однос и толеранција, човеков едноставно само се брука што уште игра фудбал. Се нервира што не може да даде гол на пријателска против Ал Шабаб, мислиш игра финале на Светско против Аргентина. Прво му го поништија, после излезе нервозен каков што е често во Саудиска Арабија со 200 милиони годишно и на крај го испрска камерманот со вода и го набрка со прстот. Има ли повеќе Кристијано Роналдо некакво ниво?