Каде сè пукаше тапата од шампањско за титула во Европа?

Во повеќето лиги од континентот завршија првенствата, се прославија шампионски трофеи, се пиеше и веселеше по цела ноќ. Некој репризираа прослава од лани, а некои после години и години му се израдуваа на златото.

Базел на 28. април стана шампион на Швајцарија 8-ми пат по ред. Тотална доминација на редовниот учесник на евро-куповите.

На 29. април Баерн Минхен по петти пат по ред стана шампион, а првпат под раководство на Карло Анчелоти којшто стана првиот тренер во историјата кој освојувал титули во Топ4 од 5 европски првенства.

Неприкосновен кај нашиот сосед Бугарија е Лудогорец кој 6-та година по ред го крева шампионскиот трофеј и ќе игра во квалификациите за Лига на шампиони.

Шахтјор Донецк на 6. мај ја освои 10-та титула во Украина, а прва без легендарниот Романец Мирчеа Луческу.

Спартак е шампион после повеќе од 16 години. Првпат им „киднаа“ на Зенит и ЦСКА Москва и ќе играат директно во групната фаза од ЛШ.

Славната Бенфика на 13. мај ја 4-та титула по ред и 36-та вкупно во историјата на клубот. Им останува уште да го разбијат проклетството во Европа каде низ историјата губеа неколку големи финалиња. Еве зошто никој во Европа не може со нив по бројот на освоени титули.

Челси во неделата, на 21. мај по шести пат во клупската историја стана шампион во Премиер лигата, а првпат со Конте како тренер од клупата.

РБ Салцбург - на 14. мај стана шампион на Австрија 4-ти пат по ред за тотална доминација.

На 14. мај Феенорд првпат после цели 18 години стана шампион на Холандија. 36-годишниот Дирк Кајт постигна хет-трик во шампионската победа.

Монако шампионски ја прекина хегемонијата на ПСЖ во француското првенство. На 17. мај на коло пред крајот „црвено-белите“ официјално станаа првак во Лига 1. Тоа им беше 8-ма титула во историјата и прва уште од сезоната 1999/2000.

На 18. мај Андерлехт ја освои титулата во Белгија после три години и дополнително ја збогати трофејната сала.

Јувентус врши „тортура“ врз цела Серија А. 6 години се шампиони по ред а последната освоена со Масимилано Алегри во неделата беше прославена еуфорично.

Реал Мадрид ја освои шпанската Ла Лига 2016/2017 и ова е нивно прво шампионско славје после цели пет години уште од сезоната 2011/2012.

Белградски Партизан ја освои осмата титула во поеледните 10 години, а вкупно 27-ма во историјата на Југославија, па СЦГ, па Србија и се израмни по бројот на освени шампионски пехари со најголемиот ривал.

Мариехамн од островот Аланд стана шампион на Финска првпат во историјата на оваа земја.

Виторул е млад фудбалски клуб од Констанца, основан некаде на почетокот на 2009-та година. Сезонава играа најубав фудбал во Романија и заслужено ја освоија титулата пред гигантите од Букурешт. Тренер им е легендарниот Георге Хаџи.