Таг: феенорд

Игор и Миро ги имаат најјаките бомби на колото

Ако треба да се направи топ 10 листа на голови од овој викенд, тогаш сигурно високо ќе котираат Бразилецот Игор Паишао од Феенорд и Швајцарецот Миро Мухајм од Хамбург.

Парола на навивачите на Рома за кралицата Елизабета Втора

Рома го совлада Брајтон со 4:0 во првиот осминафинален меч од ЛЕ. На трибините се појави банер кој не е за превод и кој веројатно е дел од протестите на некои навивачки групи против монархијата. Слично нешто направија и навивачите на Селтик кои една недела по смртта на Елизабета втора, на мечот против Шахтјор извадија транспарент на кој пишуваше „Fuck The Crown“, а потоа скандираа „Ако го мразиш кралското семејство плескај со рацете“.

Навивачи на Феенорд влетаа во ВИП зоната на стадион, специјалци интервенираа со пендраци

Ептен знаат да изненадат со неочекувани глупости и инциденти навивачите на Феенорд. Во Рим се памети нивното демолирање на историски знаменисти, а синоќа на гостувањето во Мадрид немале попаметна работа, па влегле во ВИП зоната, каде се разбира немаат пристап. На видеото може да се забележат брканици и еден раскрвавен нос. Уапсени се шестмина гостински навивачи.

Навивачот на Феенорд кој се прослави со средниот прст беше и во Тирана

Конечно некоја понормална навивачка сторија поврзана со финалето во Тирана. До сега сè беше со тепачки, повредени полицајци, протерани хулигани и сè на сè многу насилство меѓу навивачките групи на Рома и Феенорд.

Дојди ми еден на еден да ти го свртам паметот

Луис Синистера е 22 годишен Колумбиец кој четврта сезона игра за Феенорд. Нејќеш да го чуваш сам. Ќе те зборат во маало.

Не со мене да прославуваш победа, судија сум

Феенорд го совлада Аз Алкмар со 1:0, а голот падна во 92-ра минута, тајминг во кој обично прославите за гол се пожестоки од вообичаеното. Асистент тренерот на домаќините одлепи. Прво го јавна главниот тренер, па му скокна на четвртиот судија.

Кандидат за гол на годината во Европа

Луд меч во Холандија одиграа Емен и Феенорд. Домаќинот два пати водеше и тоа со играч помалку поради црвен картон во 36' минута, ама гостите се извадија и на крај славеа 2:3 со гол во 90'+4 минута. Погледнете го голов на Микаел Де Леув во 42' минута:

Судија, да не се ја типувал плус на пенали?

Австриски Волфсберг направи најголемо изненадување во Лига Европа синоќа откако со 1-4 го потепа Феенорд среде Ротердам. Ама мечот имаше чуден тек зошто српскиот судија Срѓан Јовановиќ досуди 3 пенали за гостите, нешто што многу ретко се гледа во фудбалот, една екипа да добие толку казнени удари.

Ти се најде дирекот а?

Николај Јоргенсен од Феенорд го постигна најсреќниот гол на колото. Асистенцијата тука е ферски да и се препише на стивата која му даде неприкосновен пас.

Јунајтед лесно со Партизан, Рома изгуби во 95-та минута

Селтик, Севиља, Базел, Еспањол и Манчестер Јунајтед се пласираа во следната рунда од Лига Европа, откако вечерва освоија по 3 бода. Рома ќе има тешка задача затоа што гостува во Истанбул кај Башакшехир во следното коло.

Како изгледа натпревар 11 на 120

Идејата и реализацијата е на Феенорд, а учествуваат 11 фудбалери против 120 деца од академијата на клубот.  На теренот општа калакурница, резултат 2:2. Кутрите што да прават на нафрлени топки?

Многу неспортски потег е ова

Дерби е, и тоа она меѓу ПСВ и Феенорд. Домаќините имаат шанса за гол, а гостите им ја уништуваат и создаваат конфузија на терен на ептен нечесен начин, со уфрлување на уште една топка на терен. Колку ниско.

Земи повлечи се од фудбал после глумава

Стивен Бергхуис веројатно е најголемиот срам во историјата на Феенорд и холандската репрезентација. Покрај федерацијата, висока казна треба да му стегне и самиот клуб. Само бокс да си удреше сам на себе ќе беше полошо од ова.

Најлошите 40 секунди во холандскиот фудбал

Утрехт и Феенорд синоќа одиграа заостанат натпревар од холандскoто првенство, а во еден момент личеа на пијаници кои не знаат кај тераат. Ќе ја дупнеа топката уште малце.

За идентичниот гол на дедото и внукот

Феенорд викендов ја згази Спарта со 0:7, а клубот на Твитер објави едно видео со кое одбележа една многу многу ретка ситуација во фудбалот, а можеби и прва од ваков вид. Да се чуди човек.

Наполитанска работа

Фантастичното офанзивно трио на Наполи синоќа маестрално си ја одработи работата а головите ги посветуваа на тешко повредениот и опериран колега од нападот. Само настана мала забуна.

Каде сè пукаше тапата од шампањско за титула во Европа?

Во повеќето лиги од континентот завршија првенствата, се прославија шампионски трофеи, се пиеше и веселеше по цела ноќ. Некој репризираа прослава од лани, а некои после години и години му се израдуваа на златото.

Европски лиги со некои нови шампиони

„Кои ли се овие Виторул“? праша еден познат маалски кладилничар и ја отвори темата (билтенот) за екипите кои со децении, од сенка чекале да освојат титула и да ги тргнат од тронот неприкосновените лидери.

Како се движеше табелата во Холандија на телетекст

И во ера на смартфони, некој уште си држи до старите навики и не се откажува од телетекс. Во 34 кола само една екипа не мрдна од својата позиција уште од прво коло и по пауза од 17 години ја врати титулата во Ротердам. Добар гиф.

Најмахерскиот облог на сезоната (на пијано)

Обично велат дека многу мозгање и анализирање на натпреварите во билтен не е од некоја корист. Некогаш треба да пишеш што ти дојде од прва. Навивач на Феенорд ќе ви каже како оди тоа. Пред стартот на сезоната во Холандија ставил 25 евра дека Феенорд ќе стане шампион и дека Николај Јоргенсен ќе биде најдобар стрелец.

Најсаканиот голман во Ливерпул кој доби писмо од Папата Јован Павле

Од моментот кога ги облекол рударските ракавици на татко му посакал да биде голман. Од родната Полска кариерата го однесе во Ротердам, Ливерпул и Мадрид, градови во кои прослави многу трофеи.

Феенорд е број 1 во Европа, крај на доминацијата на Ајакс и ПСВ?

Викендов кикснаа Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Барса, Реал, Баерн Минхен, Наполи, но ако сте го имале на тикет Феенорд осум пати, немате утка бидејќи тие не знаат ни за пораз, ни за реми.

Во живо од кабината на асистентот на судијата

Бидејќи не гледаме каде е и што прави судијата кој му јавува на главниот арбитар во случај да треба помогне за некоја спорна ситуација на терен, еве ви го и тоа на мегдан. Одиме во живо од мечот меѓу Феенорд и Херенвен од холандското првенство.

Лудило во 95-та минута

De Klassieker, како што е познато вечното дерби меѓу Феенорд Ротердам и Ајакс Амстердам мина во напната и тензична атмосфера. По нередите во 1997. во кои загина едно лице и големите инциденти во 2005. година на Де Кујп во Ротердам, во 2009. година следуваше одлука со која се забрани присуства на гостинска публика во следните пет години. Во меч од купот синоќа, Феенорд славеше 1-0 со автоголот на Велтман.