Таг: челси

Нов блесок на Палмер со 4 гола, најбрз хет-трик и лоб од 40 метри

Иако има 21 година, Кол Палмер руши сè пред се. Стана прв играч на Челси после Френк Лампард со 4 гола на еден меч, па дури и го стигна Халанд на листата на стрелци.

Милиони лапаат, за пенал се караат како мали деца

Челси понеделнички се отвори со дури 6 парчиња во мрежата на Евертон од кои 4 се на Кол Палмер. За пенал бе фатија да се расправаат, па потоа Покетино им одржа лекција.

Лудачки ролеркостер на Стемфорд Бриџ, Манчестер Јунајтед загуби со голови во 100-та и 101-ва минута

Тешко се раскажува синоќешниот пресврт од дербито на колото во Премиер лига, меѓу две екипи без карактер, кои котираат на 6-та и 10-та позиција, а едно време демонстрираа моќ и секогаш целеа на титулата.

Акробација со мераклиски финиш во мрежата на Челси

Брентфорд и Челси одиграа 2:2, а голот на мечот и колото во Премиер лига го има Јоан Виса кој ептен си го направи ќеифот во 69-та минута.

Навивачите на Челси брутално искрени спрема својот клуб

Челси лани заврши на 12-то место со 16 порази. Сезонава веќе има 10 порази и е 11-ти со -20 од првиот. Водеа 1:0 против Вулверхемптон и на крај загубија 2:4. За тоа колку се утепани, свесни се и самите навивачи. Гостите им пеejа „You're fucking shit", а тие вратија со „We're fucking shit". Трагикомедија.

Сите зборуваат за шутот на новиот напаѓач на Челси

Челси има мизерен старт со само една победа по првите 5 кола во кои постигна 5 гола. Во напад го купија 22 годишниот Николас Џексон од Виљареал, роден во Гамбија, кој игра за Сенегал. Да го погледнеме.

Доминацијата во Премиер лига изразена преку три клуба

Далечно почна да изгледа ерата на Ферги и веќе 10 години како се симнати од тронот, ама уште се први со 13, а нивниот градски ривал стигна до 7. Трет е Челси со 5 титули. Арсенал да би можел, би ја избришал сезонава од евиденција.

Податок на денот за Челси

Да го прочитавме ова за Саутемптон, Херта Берлин, Сампдорија, Елче и Анжер како последни на табела во топ 5 лигите, ајде некако, ама како за довчерашен англиски и европски првак ова е многу срамно и понижувачки.

Напорната авантура на Анчелоти во Челси кaде морал да учи англиски по 10 часа на ден

Од проблеми со јазикот, голем притисок од медиумите, но и од Абрамович, двојната круна, па сè до падот кој дојде брзо. Трофејниот италијански стратег синоќа го елиминираше клубот за кој потпиша пред 14 години, доведен за да им ја донесе токму Лигата на шампионите. Не му било лесно со Роман.

Елмас се простува од ЛШ, Милан повторно тактички го уништи Наполи

Милан и Реал Мадрид ги елиминираа Наполи и Челси и станаа први полуфиналисти во Лига на шампиони. Жиру и Кварацхелија не реализираа пенали. Половина час за Елмас. На повидок е миланско полуфинале, за прв пат во историјата.

Што изводеше Кепа со топката зад гол?

Необична сцена од мечот Челси - Кристал Палас, снимена од зад гол со Кепа кој упорно им ја враќа топката на навивачите. Тврдат дека задржувал време, што би било очај за голман кој брани во клуб кој е поранешен шампион на Англија и Европа. Инаку Челси победи 1:0 и ја прекина лошата серија.

Очајно деби на Жоао Феликс за Челси кој загуби и од Фулам

Големото засилување на Стемфорд бриџ ќе сака што побрзо да го заборави првиот меч за Челси. Само што го облече синиот дрес направи непромислен старт, вреден чист црвен картон.

Сити си го работи Челси како сака

Англискиот шампион во рок од четири дена, два пати го совлада Челси. Прво 0:1 во Премиер лига, па 4:0 во ФА Куп. Сините не знаат кај тераат сезонава. Елиминирани се од ФА Куп и од Карабао Куп и плус во првенство се 10-ти на табела со само 7 победи по 17 кола. Погледне како момците на Пеп си ги играа синоќа при третиот гол.

А ги видовте ли голчиштата на Хаверц и Ковачиќ?

Челси има математички обезбеден пласман во нокаут фазата од ЛШ откако синоќа го совлада Салцбург на гости со 1:2. И двата гола на Хаверц и Ковачиќ се мајстории за издвојување. Во последното коло го пречекуваат Динамо Загреб.

Сензациски старт за Динамо во ЛШ, Челси капитулираше на Максимир

Стефан Ристовски и Аријан Адеми го срушиja ланскиот европски првак во првото коло од групната фаза во Лига на шампиони. Човек на одлука е Мирослав Оршиќ.

Нов нокдаун за Јувентус во ЛШ, Виљареал и Челси се четвртфиналисти

Продолжува проклетството на Јувентус во нокаут фазата од ЛШ кој повторно се соочува со елиминација од противник против кој имаше статус на фаворит. Виљареал и нанесе дебакл на Старата Дама со 3 комада за 14 минути. Челси со пресврт славеше против Лил.

Што смее, а што не смее Челси да прави со новата ситуација?

Замрзнувањето на имотот на Роман Абрамович, значи и замрзнување на клубот според пет ставки. Една од нив е тоа што на Стемфорд Бриџ може да одат навивачи само со сезонски билети.

Велемајсторијата на Зијеш со која го скамени Лорис

Со головите на Тијаго Силва и Хаким Зијеш, Челси го доби градското дерби против Тотенхем. Голчиштето на Мароканецот го разубави мечот. Убавина од потег.

Пулишиќ не знаеше кај тера во дуел со детево

Го донесоа како еден од најголемите таленти во Шпанија за кој на Севиља и платија 25 милиони евра плус Ерик Ламела. Тоа е Брајан Хил, роден 2001-ва. Погледнете го како игра еден на еден. Скроз го измести.

Ковачиќ мајсторе од утре ќе се гледаш на најавни шпици

Челси и Ливерпул приредија гол шоу на полувремето од новогодишното коло во Премиер лигата. Првите 45 минути завршија со резултат 2:2, а страшното голчиште на дербито постигна Матео Ковачиќ.

Били масерот е најјак лик во соблекувалната на Челси, задолжен за смеа и мајтап

Скоро секој фудбалски клуб има некоја маскота во соблекувалната задолжена за циркуси. Во Челси тоа е еден лик кој освен што е масер и ги релаксира фудбалерите со масажи, тој ги смее до солзи со заразна насмевка. Скоро две децении е на „Стемфорд Бриџ“.

Челси е со една нога во осминафинале, Волфсбург направи хаос во групата

Македонскиот репрезентативец Ердал Ракип беше стартер за Малме против актуелниот европски првак кој го доби гостувањето во Шведска со 0:1. Волфсбург му врати на Салцбург за поразот во претходно коло и изби на второто место во групата Х пред Лил и Севиља.