За компаниите, електричната енергија не е само оперативен трошок, туку важен дел од вкупните расходи. Кога цената е однапред позната, менаџментот може попрецизно да ги планира буџетите, инвестициите и развојните активности, без страв од ненадејни ценовни шокови.
„Во динамичен енергетски пазар, компаниите сè повеќе бараат сигурност и предвидливост. Фиксната цена им овозможува полесно да ги планираат трошоците и да се фокусираат на развојот на својот бизнис, наместо на неизвесноста од дневните движења на пазарот“, вели Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.
Следејќи ги потребите на бизнис-заедницата, ЕДС воведе нов тарифен модел кој нуди фиксна цена на електричната енергија во период од две години . Со овој модел компаниите добиваат долгорочна ценовна стабилност, а како дополнителна придобивка имаат можност да изберат и вреден подарок, што претставува дополнителна вредност за клиентите.
Изборот помеѓу фиксна и променлива цена зависи од потребите и профилот на потрошувачката на секоја компанија. За бизнисите кои сакаат стабилни и предвидливи трошоци, фиксната цена претставува решение што овозможува полесно буџетирање и подобра заштита од пазарните осцилации.
Како дел од PPC Group, ЕДС не нуди само снабдување со електрична енергија, туку и советување при изборот на најсоодветниот тарифен модел, со цел секоја компанија да добие решение што најдобро одговара на нејзините потреби.
Во услови кога управувањето со трошоците е клучно за конкурентноста, изборот на соодветен модел за снабдување со електрична енергија станува стратешка деловна одлука. За многу компании, фиксната цена не претставува само заштита од ценовни промени, туку и сигурна основа за долгорочно планирање и стабилен раст.
(Комерцијален текст)