Зошто секој треба да игра покер?

„Сè што знам како ЦЕО, научив од новинарството. А сè што знаев како новинар, научив од покерот,“ вели основачот на првиот човек на медиумската компанија Аксиос, Џим ВандеХеи, основач и на Политико. Вика, немам јас некои големи родителски совети за младите, освен да свртат покер, со прави луѓе, за прави пари.

Покерот е училница во која ќе научите многу непроценливи животни лекции:

1. Ќе научите да ги читате луѓето.

„Покажи ми ги очите, ќе ми ги покажеш и картите“
Дој Брансон, прочеун шампион во покер.

Ако доволно долго седите на покер маси, ќе почнете да ги читате очите и движењата на играчите, нивните стилови и намери, нивните силни и слаби страни. Гледајте на покерот како забавен начин да ја острите својата емоционална интелигенција.  

2. Ќе научите што е среќа.

„Покерот е 100% вештина и 50% среќа“.
Фил Хелмут, уште еден прочуен покер шампион.

Покерот ви покажува како вештината може да ви помогне да победите. Но, само додека се возите со ритамот на среќата, можете да победите на големо.

3. Ќе ја научите шемата на фактите.

„Животот, како и покерот, носи елемент на ризик. Тој не треба да се избегнува, со него треба да се соочите“.
Едвард Нортон, актер.

Повеќето луѓе се предвидливи ако внимателно ги следите. Со тек на време, ќе можете дури и да прогнозирате како ќе реагираат на добри или лоши ситуации, исто како што прават кога имаат добри или лоши карти. 

52-те карти во шпилот се непредвидливи, но постојат дузина варијабли со конкретна хиерархија кои можат да ви укажат на успех или пораз. Исто како и во големите животни одлуки.

4. Ќе научите да навигирате под притисок.

Има нешто во натпреварувањето, особено кога во игра е и по некоја пара, што ти прави шашма во главата. Крвниот притисок шиба, импулсите за победа ти го освојуваат мозокот, се јавуваат инстинктите. Твојот мозок учи како да маневрира во такви моменти преку обиди и грешки.

5. Учите кога да се откажете.

"Know when to hold 'em. Know when to fold 'em. Know when to walk away. And know when to run."
Кени Роџерс, "The Gambler"

Најголемата грешка која покер играчите ја прават е истата онаа грешка што ја правиме во нашите врски, работни места или лоши навики - не знаеме кога да прекинеме.

Некогаш животот ни дели лоши карти, но некогаш и добрите карти лошо ги играме. Да ги препознаеш своите слабости и тенденции помага да го намалиш бројот на глупи одлуки и потези што ги правиш.

 

3 март 2023 - 09:58